„Јас сум експерт за мода и не ми е гајле дали моите минијатурни танга бикини ќе му направат некому непријатно“

Еда, која е со седиште во Њујорк, затоа што не знае како поинаку да се истакне во животот се одлучи нормално на ТикТок да се разголи и да ја покаже својата фигура. Но на сите што се сомневате во нејзиниот „смел“ моден избор, таа има една порака – дека навидум не ѝ е гајле кој што мисли и дали ќе направи да им биде непријатно на одредени посетители на плажата.

„Јас на пат да им направам непријатно на сите Карени на плажа во моите бикини“, напиша таа на видеото на кое го покажува својот изглед.

„Карен“ е термин за самобендисана жена, која често се жали. Фразата првпат стана популарна во културата на меми на интернет форумот Редит.

Па браво за Еда, не остави без зборови со оваа длабока мисла.

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *