Мајчинството не познава граници, а оваа паметна улична мачка покажа дека би направила сѐ за своите деца
Секоја мајка би направила сѐ што е во нејзина можност доколку се работи за здравјето и животот на своето малечко.
Сепак никој не очекувал дека оваа улична мачка е толку умна и снаодлива за да си го спаси малечкото. Мервер Озчан објави фотографии од мачка како си го носи своето маченце во болница.
За среќа, турскиот народ е познат по својата љубов и почит кон уличните животни и веднаш ѝ помогнале на мачката. Загрижената мајка кога здогледала медицинско лице го спуштила малечкото пред нив. Најверојатно на кутрата мајка останатите малечки ѝ починале и таа се исплашила за последното маченце.
Лекарите го земале малото маченце и го однеле на преглед, а мајката постојано ги пратела. За да ја смират ѝ дале млеко и направиле да ѝ биде удобно додека го прегледуваат мачето. Тие не пронашле некоја посериозна надворешна повреда, ноза секој случај ги однеле животните на ветеринар.