„Мојата алчна 7-годишна поќерка постојано го јаде целото овошје и тоа ме чини цело богатство – размислувам за поставување некои граници“

Маќеа го подели мислењето откако откри дека нејзината седумгодишна поќерка ја „полудува“ со јадење премногу овошје.

 

„7-годишната ќерка на маж ми се пресели кај нас во Јануари. Работата е што јас сум таа што заработува огромен дел од нашите средства и сум на породилно со 5 месечно бебе. Мојот сопруг работи со скратено работно време што не носи многу (тој управува со нашето семејно возило и придонесува за трошоците за домаќинството, како што е купувањето итн.) Мајката на детето воопшто не придонесува за трошоците од кога девојчето живее со нас.

Во моментов сме кнап со пари поради тоа што јас сум на породилно и една работа ме вади од такт, тоа што поќерката го јаде ЦЕЛОТО овошје. Одиме да пазариме и купуваме да имаме за цела недела, банани, бобинки, праски, диња, грозје, мандарини итн. и таа ќе ги изеде за 2 дена. На пример вчера изеде рака ипол малини, три праски, четири мандарини, грозје, две банани и резне лубеница. Ова е на училишен ден така да го јаде ова за доручек и вечерта. И потоа не сака да јаде нормален оброк или да проба нешто што таа смета дека не сака. Исто така неколку пати имаше проблем со течна столица, тоа е најверојатно од целото овошје што го јаде. Постојано си зема од фрижидерот без да праша и не остава ништо за нас.

Зборував со маж ми за ова и тој вели дека таа сега расте и се развива и барем овошјето е добро за неа – тоа е во ред, јас го купувам овошјето за и таа да јаде, но таа количина што ја конзумира ми изгледа на алчност и многу повеќе од тоа што е потребно за едно здраво деете.

Сакам да научи дека храната чини пари, а нам не ни растат на дрво и не лапаш што ќе ти текне само затоа што ти е досадно, уморен си или не јадеш вечера. Ги рационализираш порциите во семејството за да има за сите.

Секогаш доручекот, ручекот и вечерата се доволно обилни и се обидувам да ѝ ги погодам вкусовите. Кога прв пат дојде кај нас исто вака јадеше благо. Тоа беше полесно да се спречи затоа што е нездраво, и маж ми реагираше.

Сакам да се справам со ова на сочувствителен начин, дали би била неразумна ако престанам да купувам овошје додека мојот сопруг не се согласи на разумна исхрана за мојата поќерка?“

Едно лице рече: „Непријатно е да се нарече „алчно“ седумгодишно дете што јаде овошје. Но, разумно е да се очекува таа да го изеде својот вечерен оброк пред да јаде овошје“.

Друго лице додаде: „Сирото девојче – толку многу промени во последните неколку месеци, нов дом, нов брат или сестра. Дали некој ја поддржува емотивно? Што се однесува до останатото, се разбира дека не сте неразумни, но вашиот сопруг треба да преземе нешто“

Третиот рече: „Ова ме прави да се чувствувам прилично тажен. Звучи како да има некои проблеми. И, исто така, ме растажува што ѝ замерувате поради тоа. Но, можеби сето тоа го прочитав погрешно“.

А друг мислеше дека маќеата е премногу груба, додавајќи: „Звучи како да имала доста трауматичен период, па можеби да не ја нарекувајте алчна а? Јадењето ѝ прави да се чувствува удобно – таа штотуку од слатки преминала на овошје. Тоа количество шеќер не е добро за неа, затоа разговарајте за тоа со вашиот сопруг со тие зборови. Објаснете ѝ дека не е здраво да се јаде овошје (или било што) прекумерно и дека треба да се дели. Ставете го таму каде што таа не може да стигне до него“

Додека друга жена напиша: „Тоа е лудо и јас сум изненадеан што нејзиниот татко не поставува граници. Можеби е „здрава“ храна, но сепак е шеќер“.

Па што мислите вие?

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *