Нови инциденти во Скопските училишта: Полицијата приведе 13-годишник со список за отстрел
Списоци за отстрел се појавија во две основни училишта во Скопје. Учениците не ја сфаќаат сериозноста на ситуацијата па така во два дена два случаи на вакви закани се пријавени во МВР. Заканувачите се на иста возраст од 13 години.
Вчера беше уапсено дете од седмо одделение во ОУ „Кирил и Методиј“ вчера ги вознемирил сите откако на час, додека разговарале што се случило во Србија, почнало да прави список на соученици, меѓу кои го напишал и името на професорот по музичко.
Веднаш биле повикани родителите и било пријавено во полиција. Исто така и завчера кај 13 годишна ученичка бил најден список со закани.
Од петокот до вчера има вкупно 5 вакви случаи пријавено во МВР.
Додека пак и 16-годишник се заканувал дека ќе убие професори, ученик во основно училиште во Чаир се заканувал со пластичен пиштол, а во Карпош наставник пронашол неиспукан куршум кај ученик.
Според министерот за образование, проблемот треба да се бара и во семејството. А исто така се прави и детална анализа за пристигнатите пријави, дали и како постапиле сите надлежни институции. Додека пак за укинувањето на ТикТок психолозите сметаат дека не е тоа решение, ниту пак мерка која треба да се преземе.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!
Коментирај анонимно