11 афоризми за разведрување на тмурниот ден
Разликата меѓу пандемијата и корупцијата во Македонија е што пандемијата некогаш ќе заврши.
– – – – – –
Дојде и најстрашното! Без маски по улиците, а салоните за убавина затворени!
– – – – – –
Само во македонскиот јазик изразот „Кај си бе да те е*ам?“ изразува вистинска радост што гледаш некого.
– – – – – –
Сега на мода се вирусолозите, ама диетолозите и психијатрите трпеливо чекаат да им дојде редот…
– – – – – –
Детството завршува во моментот кога мајка ти престанува да ги крие бонбоните, а татко ти започнува да ја крие ракијата!
– – – – – –
Ако си мислите дека 2020 е година на катастрофа, помислете на 2050, кога државите ќе ги управуваат луѓе, обучени дома од пијани родители!
– – – – – –
ТИМСКА РАБОТА – можноста да им ја префрлиш одговорноста за твоите грешки на останатите.
– – – – – –
Ако не успеете од првиот пат, значи падобранството не е спорт за вас.
– – – – – –
Велат дека најдоброто средство против самотијата е женидбата. Седам и мислам… не е можно да нема друг, похуман метод?
– – – – – –
Комшивката ми се налути затоа што кога ја видов со метлата и реков дека летовите се одложени до крајот на октомври.
– – – – – –
Сите шијат заштитни маски, само јас сум еден чекор понапред. Шијам лудачки кошули, порано или покасно и тие ќе ни притребаат.