Стомачни танчерки, торта на три нивоа, огномети, жена во невестински фустан…мислите дека ова е свадба? Не, не грижете се тоа е само роденденска забава за едногодишно дете

Првиот роденден на Бејби Каира беше полн со екстравагантни работи: професионални танчери, мини автомобил за нејзино возење, пиротехника, луксузна храна, торта на три нивоа, пренатрупани цветни декорации, светки, настапи на стомачни танчери, професионален фотограф.

Скролајте надолу за видео

 

Родителите се одлучиле за свадбена облека со мајката на Каира во бела невестинска тоалета до подот и нејзиниот татко во триделен костум. Но, многумина рекоа дека забавата, која се одржала во Сиднеј, била „премногу“ за едногодишно дете, а некои ги обвинуваат родителите дека „ја прават забавата за себе“.

Забавата ја планирале Paradiso Receptions, кои првенствено планираат и угостуваат свадби. Откако групата сподели видео од забавата на ТикТок, многумина беа шокирани од раскошот за прослава на бебето.

„Ова е десет пати поголемо отколку што ќе биде мојата свадба“, рече еден.

„Ова не е роденден, тоа е цела свадба“, коментира втор.

Други повеќе ја поддржаа прославата, велејќи дека ќе организираат слични забави доколку имаат пари.

„Тоа е веројатно првото дете и тие се навистина возбудени што расте и сакаат да ѝ подарат добро детство“, рече еден.

„Да бев толку богат, исто ќе им ги направев овие денови вака посебни“, напиша втор.

„Мило ми е што таа има родители како вас. Се надеваме дека таа ќе расте со добро здравје и богатство. Нека е благословена како тебе“, напишал еден.

Многумина коментираа дека малата „никогаш нема да се сеќава на прославата“, додека други правеа споредби со нивните родендени.

„Моите родители ми дадоа колач направен од мали колачи“, напиша едно лице.

„Добив крофна и една свеќа на неа“, рече друго лице.

А дали е премногу? Одлучете вие па кажете ни!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *