Како мајка на четири деца преживеала без вода и во екстремни услови откако се изгубила во густа шума само по маица и шорцеви пред да биде чудесно пронајдена
Мајка на четири деца која поминала осум дена изгубена во густа шума, за чудо е пронајдена жива откако пиела вода од вирови за да преживее.
Рики Ли Мичел исчезнала откако се дезориентирала на една прошетка во блиската шума во северен Квинсленд минатиот понеделник. По пливањето со нејзиното момче, нејзиниот партнер отишол да ги посети пријателите во околината и кога се вратил не можел да ја најде.

Полицијата започнала голема потрага следното утро пред спасувачките екипи да ја пронајдат мајката една недела подоцна во 9.30 часот во средата.
Инспекторот Џејсон Шепард рече дека г-ѓа Мичел поминала денови шетајќи длабоко во шумата пред да пронајде теренско возило на рурален имот. Мајката возела со возилото назад во правец на патот и наишла на локален сопственик на земјиште. Тој потоа ја пренел г-ѓа Мичел до местото каде што биле поставени екипите за пребарување.
„Таа ми рече дека се борела да најде мали количества слатка вода за пиење, па дури и морала да пие од вирови“, рече инспекторот Шепард.

„Очигледно станала дезориентирана затоа што не веруваше дека е отсутна 7 дена. Условите се движеа од екстремна топлина до прилично студени ноќи – и тоа што ја најдовме жива и здрава е фантастичен исход со оглед на елементите и ризикот од дивиот свет, вклучувајќи ги и змиите. Не можам да ја измерам далечината, но нејзината упорност и цврстина да не се откаже заслужна зошто е жива“


Полицијата соопшти дека била пронајдена со гребаници по целото тело и дека успеала да остане хидрирана пиејќи вода од вировите. Тие рекоа дека таа успеала неверојатно добро да преживее со оглед на тоа дека не била обучена како преживувач.
„Колку подолго сте таму, тоа може да доведе до повеќе болести. Таа е мајка на четири деца. Таа дефинитивно не е обучена специјалист за преживување“, рече инспекторот Шепард.
Болничарите ја пренеле во болница каде ќе биде надгледувана.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно