(фото+видео) Одморот од соништата се претвори во комшмар: Јахта со група туристи се преврте во Бермудскиот триаголник

Група од 26 луѓе од целиот свет требаше да уживаат на патување во Египет, но наместо да имаат убави спомени, тие никогаш нема да заборават како нивниот одмор од соништата се претворил во „кошмар“ кога јахтата на која престојувале драматично се преврте.

Скролајте надолу за видеа

Страшна снимка ја покажува групата на бродот додека тој се превртува.

Може да слушнете пцовки и врисоци додека некои се фрлаат во морето во близина на Хургада, во Црвеното Море, блиску до влезот на Суецкиот канал. Друга снимка покажува како сцени кои потсетуваат на Титаник.

 

 

Нуркачите сега собираат средства за да ги заменат сите нивни изгубени работи како пасоши, пари и лични вредни предмети и да започнат правна постапка против компанијата за која тврдеа дека се обидела да ги притисне да дадат лажни изјави пред властите.

 

„Компанијата направи многу врева поради тоа што сакаше да помогне, но на крајот сите ние ја завршивме целата работа за да ја добиеме потребната документација за да можеме да патуваме дома. За жал, нашиот кошмар не застана тука. Во деновите што следеа останавме сами со тешката ситуација во која се наоѓавме. Од страна на претставникот на компанијата што го организираше патувањето ни се закануваа и ни вршеа притисок да дадеме лажни изјави до властите – што секако не го сторивме. Наместо да пратат лекари, тие праќаат адвокати, наместо да пружат помош, се обидоа да шират страв меѓу нас и наместо да преземат одговорност за тоа што се случи тие не заплашуваат” – кажа еден од преживеаните.

Carlton Fleet, компанијата одговорна за патувањето, првично објави изјава на Фејсбук каде што тврдеа дека нивната канцеларија „брзо реагирала“ и дека на сите им помагале со барањата за нови пасоши.

 

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!