Како сопствениот твит го чинеше Илон Маск цели 14 милијарди долари?

Не е чудно за основачот на Tesla, Илон Маск да пишува чудни работи на социјалните мрежи, но неговиот последен твит го чинеше пеколно скапо.

Основачот на „SpaceX“ објави на својот Твитер профил неколку твитови во кои вели дека ги продал сите свои физички добра, па до проповедање да им се врати слободата на луѓето.

Како и да е, еден твит особено ја погоди неговата компанија, Тесла. Тој напишал дека верува оти цената на акциите на Тесла е превисока, што последователно предизвикало компанијата да изгуби неверојатни 14 милијарди американски долари од вредноста на „Тесла“ затоа што инвеститорите се повлекле од финансирање на компанијата.

Иако објавата им се допаднала на над 150.000 луѓе сепак многу од корисниците на Твитер го прашувале Маск: „Што не е во ред со него?“

„Што по ѓаволите Илон! ти ја поседуваш компанијата не можеш да пишуваш вакви срања. Само што ме чинеше илјадници долари за неколку секунди. Јас сум сопственик на модел 3 сопственик на долги акции и ти го правиш ова? Екстремно разочарувачки!“, напишал Џереми Шимпф на Твитер.

По првичниот твит за цените на акциите на Тесла, Маск потоа сподели неколку други навидум случајни твитови, оставајќи многу луѓе крајно збунети. Во еден момент ги објавувал стиховите од химната на САД. Освен ова Маск напишал дека ги продал сите физички добра и дека „нема да поседува куќа“.

Последниот твит му бил: „Мојата девојка @Grimezsz ми е лута“, па можете ли да ја обвините? Гримс на која вистинското име ѝ е Клер Елиса Бучер, допрва треба да ги коментира чудните твитови од нејзиното момче.

Ова не е првпат постапките на Маск да влијаат на вредноста на Тесла – уште во 2018 година компанијата изгуби многу пари, откако нејзиниот основач одлучи да пуши џоинт за време на интервјуто за Joe Rogan Podcast. Овој пат изгледа била премногу јака тревата.