Нема шанси тоа да е иста личност! – Како изгледале „Барби куклите“ од реалниот живот пред да направат пластични операции
Нe делат само два месеци од кино прикажувањето на новиот филм „Барби“ со Маргот Роби, Рајан Гослинг, Ема Меки, Дуа Липа и Вил Ферел во главните улоги.
Австралиската убавица Маргот ја игра улогата на кукла со совршен изглед – но некои жени ја прифаќаат естетиката на Барби во текот на целата година. Некои од тие личности се овие дами, кој во потрага по совршенството подготвени се да жртвуваат финансии и здравје. И иако на некои не им се верува дека има толку драстични разлики во нивниот изглед пред и пост операциите, еве погледнете и уверете се самите.
Далија Наем


Водителката и актерка наводно имала 43 естетски операции за да ја преслика светски познатата кукла. Нејзината посветеност на каузата вклучува ставање месечни филери за усни за одржување на нејзините напучени усни.

Медисон Фокс


29 годишната Медисон Фокс потроши неверојатни 35.000 евра во нејзината потрага по Барби. Медисон ја загубила работата за време на пандемијата и мислела дека имитирањето на куклата ќе ги зголеми нејзините шанси за успех во порно индустријата.
Пишувајќи за нејзината драматична промена во кариерата, таа рече: „Пред 2020 година, работев на разни здодевни администраторски работи и секогаш се прашував дали можам да се издвојам од толпата и да работам нешто поинакво“.
Алиша Амира


Друга вистинска барбика е Алиша Амира (32), која исто така потрошила богатство на пластична хирургија. Сензацијата од Стокхолм, слично на Медисон, направила свесен избор да се трансформира во Барби откако ја напуштила својата ПР-работа.
Нејзините процедури вклучуваат импланти на гради, ботокс и брадата, вилицата и назолабијалните филери.


Пишувајќи на Инстаграм, таа рече: „2019 наспроти 2022 година – Никогаш не избрав да бидам Барби, го прифатив она што веќе бев. Ништо не ме прави посреќна од тоа да се трансформирам во свој идеал за убавина“, напиша таа на Инстаграм.
„Се чувствувам слободна и моќна правејќи го токму она што го сакам, поздрава, посреќна и посекси од кога било во име на тоа да бидам пластична бимбо кукла. Ние не старееме, туку ставаме повеќе пластика“.
Џеси Бани


Џеси Бани ги обвинува своите родители за нејзиното екстремно патување со пластичната хирургија бидејќи ѝ било забрането да си игра со куклите Барби како дете.
Подоцна потрошила речиси 60.000 евра за нејзината трансформација и нејзиното семејство повеќе не разговара со неа.
„Моите родители не ми дозволија да играм со Барби, па решив дека сакам да станам Барбика“.


Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно