Златната рипка, рибарот и големата мудрост (виц)
Двајца рибари ловат риби во реката. Единиот фаќа зчатна рипка и таа му предлага да му даде подарок за да ја пушти да живее.
– Каков подарок? – прашува љубопитно рибарот.
– Сам одбери! Голема љубов, еден милион денари или голема мудрост.
– Сакам голема мудрост! – отсечно рекол рибарот.
– Готово! – рекла златната рипка и скокнала во реката.
По кратко време пријателот му рекол:
– Кажи нешто мудро бе!
– Требаше да си ги земам парите…
Коментирај анонимно