„Денес тренираме кучиња“ – 24-годишна мајка ги шокираше родителите откако откри како ги расте своите деца

Вада Стивенс, од Северна Каролина предизвика жестоки реакции за тоа како ги расте своите деца. Корисниците на социјалните мрежи беа шокирани, а 24 годишната Вада возврати на критиките со: „Никогаш не можеш да бидеш премногу заштитнички настроен“

 

Во нејзиното видео таа објасни како става Apple AirTag на своите деца за да ги следи и дека „ги тренира како кучиња“ да да дојдат кај неа кога ќе стисне на копчето и тоа според неа е најкул работа што пости. Може да се најдат на Амазон и со нив можете да ги следите вашите деца и да испушите звучен сигнал па така децата да знаат дека треба да дојдат кај вас.

А потоа Вада во пракса покажува како тоа функционира. Видеото беше со наслов „денес тренираме кучиња“

 

 

По бурните реакции, Вада почна да ја брани својата одлука да ги користи нараквиците за следење.

„Јас сум крајно параноична за се што е безбедно. Мислев дека нараквиците се генијални. Моето двегодишно дете не обрнува внимание и бега, па ако случајно се изгуби, [AirTag] е совршен начин да ја пронајдете. Потребна е само една секунда да го тргнете погледот од вашето дете и тие се некаде во толпата“.

 

Зборувајќи директно за негативните коментари кои ги добила под објавата, Вада рече дека родителството им станало конкуренција на многумина.

Во денешно време, никогаш не можете да бидете премногу заштитнички. Луѓето мислат дека сум луда мајка – една дури рече дека треба да го пријавам моето дете за терапија. Го правам ова за да спречам моите деца некогаш да бидат земени или изгубени. Ќе дадам се од себе за да знам точно каде се“.

Па што мислите вие?

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *