Пијат од лустери, фрлаат прозори – нови снимки од дивеењето на хрватските студенти во Охрид
„Имаше студенти од Загреб и студенти од Србија. Но, загрепските студенти беа агресивни. Разбираме дека се работи за млади луѓе, но мора да се преземат мерки. Многу сме изненадени. Имаме големи групи студенти кои доаѓаат да се дружат овде. Никогаш до сега немало проблем“ – изјави управителот на хотелот во Охрид
Лустери наместо чаши, фрлање прозорци низ прозорец, запален тоалет, склшени стакла по ходниците, се сликите кои можеше да ги види цел свет, откако излегоа неколку видеа од дивеењето на студентите на 12 кинезиолошки факултети од Хрватска и регионот. Сето ова се случувало во хотел во Охрид, каде се одржувала студентската „Дифовијада“.
Оштетен инвентар, искршени прозорци, шишиња од пиво на покривот, тоалет кој изгледа како запален. Во таква состојба е еден од хотелите на охридското крајбрежје во кој минатата недела биле сместени студенти од различни делови на поранешна Југославија.
Но претседателот на Студентскиот сојуз на КИФ, чии студенти беа во хотелот се буни прашувајќи како може менаџерот на хотелот да знае дека тоа биле Хрватските студенти. Затоа што имало вкупно 1.230 студенти од кои 217 од Загреб.
„Најпрво сакам да кажам дека како претседател на студентското тело најостро го осудувам ваквото однесување од кој било, без разлика дали тој студент доаѓа од Загреб, Ниш, Белград или Љубљана, таквото однесување е неприфатливо во академската заедница. Што се однесува до сопственикот на хотелот, мислам дека е глупаво да се обвинува групата или факултетот што ја направи штетата затоа што едноставно, од 1.230 студенти што беа таму, секогаш ќе има некој што ќе направи штета, тоа е едноставно законот за големи броеви. На толку луѓе сигурно од пет до 10 дошле да прават проблеми. Не знаеме кои се овие лица и дефинитивно го осудуваме чинот. Ако се поединци од Загреб јас ќе бидам првиот што ќе ги санкционира и верувајте дека тоа ќе го направат локалните факултети, секој за своите студенти“, изјави Мартин Стојчевиќ.
Тој исто така нагласи дека некој се обидува да го уништи тоа што го градат со години, затоа што Дифовијадата не се организирала прв пат.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!
Ова е страшно.Второто видео е од хотел Десарет-Пештани.
Opsto golem del od Hrvatite se zamisluvaat koj sum i sto sum i kako da doagat od zemja so 10000 evra plata,a Makedonija e idealna za da si go lecat kompleksot na nekoj i nesto.
Коментирај анонимно