Добредојдовте во 2023 каде што луѓето мислат дека е нормално да даваат вакви коментари за изгледот на мајка бремена со тројка
Бременоста на Британи Шнајдер стана вирална додека се подготвувала да ја пречека тројката во април. Емотивното видео, објавено утрото на нејзиниот царски рез, собра милиони прегледи и коментари, при што луѓето изразија зачуденост од големината на нејзиниот стомак. Но и покрај коментарите, Шнајдер со позитивност ја прифати трансформацијата на нејзиното тело.

Коментарите варираа од поддржувачки и забавни, до целосно навредливи, а Шнајдер се сеќава на огромната реакција, споделувајќи некои од забелешките што ги добила: „Твојот стомак е голем колку цела палата“, „Колку бебиња има таму?“ и „Во никој случај не е тоа реално“.
Неверојатните коментари вклучуваат и некои бисери од типот „Дефинитивно нема да роди бебиња, ќе роди возрасни луѓе“ , „Бебињата добија пентхаус“ и „Да не е бремена со џин“.
Да во 2023 нормално е да дадеш вакви коментари на жена која е трудна со тројка.

Прифаќање на патувањето и надминување на борбите за изгледот на телото.
Откривањето за тројната бременост било „шокантно“: „Од едно дете на четири никогаш не беше планирано или очекувано, но едвај чекам да ги запознаам моите слатки ангели“, откри таа. Бебињата се зачнати по природен пат, без никаква медицинска помош, што е неверојатно ретко.

Бременото патување на Шнајдер не отсекогаш било лесно кога станува збор за изгледот на телото. За време на првата бременост се соочила со предизвици со прифаќањето на своето ново тело, но со тројките знаела дека значајните промени се неизбежни уште од самиот почеток.
„Сакав да го прифатам искуството. Не сакав да бидам премногу строга кон себе “. Така, овој пат, таа донела свесна одлука да го прифати искуството и да биде пољубезна кон себе.

Радосното доаѓање на три мали ангелчиња.

На 28 април, Британи и нејзиниот сопруг радосно ги пречекаа идентичните ќерки близначки, Анди и Џорџија, заедно со синот Теодор. Родени предвреме, бебињата мораа да поминуваат време во инкубатор, но сега тие напредуваат и добро им оди.

Шнајдер, исполнета со благодарност, го негува моментот и цени дека повеќе не е бремена, бидејќи симнала 37 килограми од породувањето.
Бременоста и породувањето се чуда на природата, кои ги покажуваат неверојатните способности на човечкото тело. Од моментот на зачнувањето до растот и развојот на мал живот внатре, целиот процес не престанува да нè восхитува. Но некои „совршени“ луѓе по интернетот очигледно не знаат ни што значи некоја жена да биде бремена, па живееме во време каде што навредувањето едни со други се повеќе се цени.

A ne e uste poglupo da objavuva sliki na internet so stomakot,kako da e samo taa bremena so trojka!?!?Sto ocekuvase,pa normalno ke ima pozitivni i negativni komentari
Da se zivi i zdravi, ljubovta na prvo mesto. Ova e itekako za falenje i pokazuvanje. Bravo Majko.
Коментирај анонимно