Најтврдоглавото семејство: Одбиле понуда од 40 милиони долари за семејната куќа и дворот. Неверојатни фотографии покажуваат како областа околу нив се трансформира во збутани куќички, но ова семејство не се дава
Со децении, приватното семејство Замит се горди сопственици на имот од 20.000 квадратни метри во Квакерс Хил, на западот на Сиднеј. Имотот од пет хектари се пробива низ огромен блок од новата населба која се гради, нагло претворајќи ги патиштата во ќорсокак, со домови збутани еден до друг.

Но, додека сите нивни стари соседи постепено ги распродале куќите и се иселиле, семејството Замит одбива да го продаде својот дом и двор и покрај тоа што им се понудени милиони. На семејството му било понудено 40 милиони долари за да се исели за да може да се завршат градежните работи на имотот и идејата за новата населба. Но семејството одбило да разговара за понудите што му биле дадени иако признава дека населбата е непрепознатлива од времето когасе доселиле пред 16 години.
„Порано беше обработливо земјиште со мали куќи и куќи од црвени тули. Секој дом беше уникатен, и имаше толку многу простор – но не повеќе. Едноставно не е исто“, изјави мајката Дајан Замит (50).

Воодушевувачки слики се појавија од домот и ги покажуваат огромните промени во областа откако семејството се преселило пред две децении.



Австралискиот агент за купувачи, Ела Кас (22), рече дека земјиштето е вредно многу затоа што може да се подели на 45 или 56 парчиња во зависност од тоа колку е конзервативен или „алчен“ инвеститорот. Просечната големина на парцелата во областа е 300 квадратни метри, при што секоја се продава за околу 780.000 долари.

Волтер Нани, агент за купувачи со iBuy Property Buyers Agency, рече дека на семејството најверојатно му биле понудени помеѓу 35 и 40 милиони долари Тој изјавидека многу семејства кои живееле во областа Квекерс Хил биле познати по тоа што биле „тврдоглави“.
Се верува дека имотот на Замит има повеќе од пет спални соби и може да се пофали со голема тројна гаража за семејните автомобили, вклучувајќи го и класичниот Ford Falcon XR6, заедно со импровизираното кошаркарско игралиште.

На неговиот масивен, но уредно исечен тревник, му требаат околу два и пол часа за да се коси, а малиот син на парот редовно е задолжен за таа работа. Домот е опкружен со околу 750 метри ограда за да ги спречи растечките и тековните градежни работи што еруптираат околу нив.

Нивните соседи речиси сите се преселија во областа во текот на изминатата година и не се познаваат со повлеченото семејство, но рекоа дека секогаш биле пријателски расположени.
„Ќе им мавтам кога ќе ги видам надвор и тие секогаш мавтаат назад, но јас навистина не зборувам со нив“, призна еден чиј дом директно гледа на имотот.
„Многу сум среќен што одбија да продадат, нивниот голем тревник прави да се чувствуваме како да имаме толку многу простор. Нашите соседи не го сфаќаат тоа бидејќи другите куќи се толку блиску една до друга. Ние сме многу благодарни! Се надевам дека ќе останат“

Коментирај анонимно