Е ова вистинска почетничка среќа: Прв пат во животот решил да игра Лото и освоил огромен џекпот од 15 милиони долари
Еден Австралиец бил шокиран кога открил дека освоил 15 милиони долари. Човекот бил на пауза и колегата го потсетил да ги провери Лото резултатите и кога видел не можел да си поверува. Па отишол да му ја потврдат наградата на лице место, за да знае дека е вистина.
„Ова е неверојатно. О, мислам дека ќе повратам, треба да седнам“ – му рекол тој на службеникот кој ја потврдил наградата.
ж
„Бевме на пауза и се одлучивме да одиме да си купиме нешто со колегата. И тој ми кажа дека некој во регионот освоил џекпот на Лото. Јас тогаш се сетив „Еј и јас играв Лото, чекај да проверам“ и кога видов не ми се веруваше. Никогаш порано не сум играл Лото. Ова е мојот прв пат, па мислам дека тука може да има малку почетничка среќа. Што да правам сега? Сè уште немам идеја што ќе правам. Јас сум милионер и се мачам да ја сварам оваа информација“
Па ако не може да ја свари тој, еве нека даде нешто наваму ние ќе му помогнеме.

Коментирај анонимно