Оваа австралиска плажа е прогласена за најубава во светот, а кога ќе ги погледнете фотографиите ќе видите зошто
Малку познатата плажа Лаки Беј во Есперанца, Западна Австралија е прогласена за најубава во светот на новата глобална листа, преку анкета на 750 инфлуенсери, новинари и експерти за патувања на американскиот бренд за сончање Banana Boat.
„Ова е, без никакво сомневање, најточната и најистражуваната листа на плажи што некогаш била составена“, велат организаторите.
Лаки Беј беше рангирана на прво место благодарение на „пријателските кенгури“ и „еден од најчистите бели песоци и најчудесните тиркизни води што некогаш ќе ги видите“.
Плажата се простира на повеќе од 5 километри, што гарантира дека ќе најдете место со помалку гужва за едноставно да уживате во сета природна убавина.


default
























Коментирај анонимно