Татко ја однесе својата ќерка на планинска авантура за време на карантинот, без да излезат од дома
Иво Попов од Бугарија вели дека отсекогаш ги сакал планините. Тој вели дека ккао дете секоја година одел на планината Витоша на скијање со семејството, па така ова му се некои од најдрагоценитге моменти од животот, но сега сфатил дека треба да си направи нови. Сепак тука постои проблем поради пандемијата.
Иво сега живее во Брисел, Белгија заедно со неговото семејство и поради коронавирусот вели дека сите заедно се во „затвор“. Да се биде фотограф затворен дома сигурно не е забавно, но тој вели дека размислува на времињата кога повторно ќе може да прави прекрасни фотографии од природата.
Сепак освен што е фотограф тој е и татко на 5-годишно девојче, а на децата им е уште поздодевно во вакви ситуации. Така Иво решил да си најде занимација и на себе и на својата ќерка, па си започнале проект. Таткото и ќерката од почетокот на април па наваму прават фотографии секој ден од нивното „планинарење“, но во домашни услови. Нивните фотографии се забавни и влеваат позитивна енергија.