Оваа жена помислила дека пронашла камен во градината и го фрлила, а подоцна сфатила дека можела да настрада
Една жена од Вејмут ископа „камен“ од нејзината градина и го фрли за нејзиното куче да може да се игра со него. Сепак таа дури подоцна сфатила дека оваа одлука можела скапо да ја чини.
Лулу Кирило ја уредувала својата градина во Дорсет кога нејзината лопата удрила во тврд предмет во почвата.
Мислејќи дека е камен го фрлила кон нејзиното кученце Цица за да се игра со него. Кога завршила со работата решила повторно да го разгледа необичниот „камен“, го внела внатре во куќата, па дури и го исчистила за на крајот да го фотографира и да го објави на Фејсбук за да се пофали на пријателите и да ги праша дали знаат што е.
Наскоро Лулу дознала дека се работи за бомба од Втората светска војна и секако се преплашила. Веднаш ја вратила бомбата во градината и повикала полиција. Полицајците пристигнале со експерти и ја однеле старата бомба. Бомбата, остаток од Втората светска војна, која била во функционална состојба подоцна била активирана на плажата Вејмут.
Полицајците објавиле и на социјалните мрежи дека ќе ја активираат бомбата за граѓаните да не креваат паника.