Уште една светски позната „икона“ го напушти овој свет: Почина кралицата на рокенролот Тина Тарнер
Тина Тарнер почина вчера на 83 годишна возраст по долго боледување и борба со ракот на дебелото црево. Таа починала во својот дом во Киснахт, во близина на Цирих во Швајцарија.

Во 80-тите години на минатиот век Тина ги урна сите граници, прославувајќи се до тој степен што служеше и како мотивација на многу други познати ѕвезди. Таа постави темели на она што значат црните жени во рокенролот и со својот глас и стас ја доби титулата „Кралица на рок музиката“.
Добитник е на осум награди „Греми“ и беше примена во „Рокенрол куќата на славните“ во 2021 година како соло изведувач, откако претходно беше примена во неа заедно со нејзиниот поранешен сопруг Ајк Тарнер во 1991 година, со чиј бенд се прослави претходно пред нејзината соло кариера.

Последните години од нејзиниот живот таа ги помина во спокој и среќа со нејзиниот втор сопруг Ервин Бац со кого живееја во Швајцарија. Нејзиниот спокој за жал, не секогаш беше присутен во нејзиниот живот, поради проблемите со здравјето и самоубиството на нејзиниот најстар син Крег.
Тина секогаш ќе биде запаметена како кралица, чија музика ќе живее вечно!

Коментирај анонимно