Американецот добил чек од 1200 долари од владата затоа што седи дома, но погледнете што мисли тој за тоа

За време на кризата од пандемијата Американците како и најголемиот дел од жителите на европските земји ќе добијат одреден паричен надоместок. Планот е поединците да добијат до 1.200 американски долари, а брачните парови да достигнат до 2.400 американски долари, плус дополнителни 500 долари за секое дете. Големината на чекот би се намалила постепено за оние чиј приход е над 75.000 американски долари годишно, додека поединците кои заработуваат повеќе од 99.000 американски долари и паровите кои заработуваат повеќе од 198 000 долари нема да добијат ништо.

Чековите ќе се засноваат на даночна пријава за домаќинство или поединец за 2018 година, освен ако не ја поднесат својата даночна пријава за 2019 година, во тој случај ќе се заснова на нивната пријава за 2019 година. Предлог-законот издвојува 250 милијарди американски долари за чековите, а бидејќи закнот беше успешно прифатен луѓето почнаа да добиваат писма со нивните чекови.

Сепак еден Американец не се согласува со оваа мерка, односно не смета дека е за „негово добро“.

Тој го отвара пликот и вели: „1.200 е ги нема 500 за ќерка ми или 600. Сега ќе ви покажам што мислам за него дечки. Ова е исплата, ова е исплата за вашата слобода.  Државата ве исплаќа за да замолчите кога ви ја одземаат слободата. Еве што мислам за исплатата…“