Борбен авион се урна за време на демонстративна обука за летање во Шпанија

На 20 мај борбениот авион Ф-18 експлодираше на просторите на воената база во Сарагоса, Шпанија. Пилотот успеал да се катапултира неколку секунди пред леталото да се сруши и да експлодира и се здобил со повреди на нозете поради отварање на падобранот од мала височина. Несреќата не предизвикала никаква колатерална штета. Причините за несреќата сѐ уште не се познати и во тек е истрага.

 

Автор: Трт Балкан

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *