„Да не ви се многу 60 мафини?“ – Гладната мечка знае што е вкусно и убаво си се нагости оставајќи ги во шок вработените во пекарата

Гладна мечка влезе во пекара во Конетикат и си се нагости со 60 мафини и една торта со кокос.

Гладната мечка беше фатена на камерата во средата како си носи кутија со вкусни десерти што стоеле во магацинот на пекарата „Taste by Spellbound“.

Сопственичката на пекара Миријам Стивенс рече дека еден од нејзините вработени влегол во продавницата врескајќи и викајќи: „Има мечка во магацинот!“.

Скролајте надолу за видео

Снимката го фаќа моментот кога мечката влегува во магацинот и ја влече кутијата со 60 мафини додека вработените постојано се обидуваат да ја исплашат. Мечката конечно се оддалечила откако вработена со нејзиниот автомобил возела позади неа и постојано ѝ свирела. Во инцидентот нема повредени.

 

„Никогаш не мислев дека ќе го кажам ова, но мечка ни влезе во пекарата. Ние сме безбедни, но колачите не се“.

Севкупно, Стивенс рече дека мечката уништила 60 мафини и една торта со кокос.

 

 

Уште подобро, по објавувањето на видеото на социјалните мрежи, пекарницата објави ограничена серија на мафини со мечка на врвот.

„Денес во продавниците има вкусно МЕЧКА мени! (Мојата една и единствена мечкина шега што ќе ја направам)“ – напиша Стивенс во петокот.

 

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

  • Nove напиша:

    Konecno Vie pokaxavte snimka

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *