„Сум го имала уште од мала, но поради дебелината лекарите не ме сфаќаат сериозно“ – 20-годишна девојка била исмејувана поради нејзиното тело, но кога открила што е причината останала шокирана
Една 20-годишна девојка вели дека сега има „втора шанса за живот“ по хируршкото отстранување на туморот на јајниците од 55 кила во кој имало околу 46 литри течност. Лекарите верувале дека туморот можеби да растел уште откако таа почнала да овулира.
Алисон сметала дека поради тоа што е дебела лекарите лесно ги отфрлале сите нејзини симптоми во минатото

Алисон Фишер имала испакнат, заоблен стомак уште од петто одделение. Таа се сеќава: „Гледајќи наназад на слики од петто одделение, забележав дека нешто не е во ред. Луѓето често ме прашуваа дали сум бремена“. Уште од мала, лекарите секогаш ѝ велеле да ослабне, без разлика дали има настинка или инфекција на увото. Така, девојката избегнувала да оди на лекар, дури и кога менструацијата ѝ траела речиси една година во 2020 година . „Си дозволувам да верувам дека ако го игнорирам, ќе исчезне“, продолжува Фишер, „Се исплашив. Едноставно бев навистина исплашена“.

Во 2021 година, откако видела дека нејзината мајка го надминува ракот, сфатила дека повеќе не треба да ги игнорира сопствените здравствени проблеми. Сакала да може да се грижи за нејзината мајка, а не нејзината мајка да се грижи за неа. Во тоа време, нејзиниот стомак бил тврд како карпа, што го отежнувало движењето или стоењето повеќе од пет минути. „Се чувствував како да сум бремена со 10 деца“, објасни таа. „Не можев да легнам на стомак. Се чувствував како сите органи да ми се смачкани“. Но, девојчето се исплашило да оди на лекар поради пандемијата.
Во ноември 2022 година, Алисон конечно отишла кај лекар кога дебелината почнала да влијае на нејзината способност да дише.

„Имав големи болки кои не поминуваа со лекови“. Д-р Мартин Мартино, гинеколошки онколошки хирург во Ascension St. Vincent’s, знаел дека нешто не е во ред кога ја видел. По КТ скеновите откриле тумор тежок 55 килограми на нејзиниот десен јајник и маса од 5 килограми на нејзиниот лев јајник, кој исто така бил трипати искривен околу себе. Така ѝ идентификувале масивен тумор на јајниците од 50 см на 50 см и во овој случај таа плачела од среќа, затоа што конечно имала одговор.
Откако Алисон се разбудила од операцијата, нејзините први зборови биле „Благодарам многу; ми го спасивте животот!“

Алисон имала многу тешкотии во текот на школските години поради нејзината тежина, кога ѝ да отидела на лекар секогаш само ѝ велеле да ослабе и така создала аверзија кон одење по доктори. Токму поради тоа долги години избегнала да оди и работите дошле до тука. Но, сега таа има многу планови за иднината, „Се чувствувам толку независна, можам да носам облека, можам да си ги видам стапалата, можам само да постојам како личност“. Таа се надева дека ќе направи операција за слабеење во следните неколку месеци, а потоа ќе се запише на факултет..
Алисон, исто така, ги советува сите кои исто така имаат аверзија да посетуваат лекари: „Сакам другите луѓе да знаат дека ако се плашат да одат на лекар, најдобро го познавате вашето тело, никој не може да ви каже поинаку, а вие само треба да се заложите за одговори и да бидете упорни со докторите“
За жал, поединците со плус големина се соочуваат со многу осудувања во сите области од нивниот живот.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно