Полицијата стопирала 5-годишно момче кое тргнало на пат со автомобил за да си купи Ламборџини

Нормално е малите деца да сонуваат за скапи спортски автомобили но кога имаат пет години, обично треба да се задоволат со играчки од таквите автомобили. Дури и кога ќе ја исполнат границата за да можат да возат треба некое време да собираат пари за да можат да си купат автомобил.

Овој посебен ентузијаст за автомобили, сепак, се сметаше за повеќе од подготвен да купи Ламборџини на само пет години. Полицијата на Јѕта на 4-ти мај забележала еден автомобил кој возел премногу споро на автопатот. Полицаецот Ник Стрит помислил дека е можно возачот да има некој здравствен проблем и решил да го стопира автомобилот за да види за што станува збор.

Кога ги вклучил сирените автомобилот застанал. Не сме сигурни што очекувал полицаецот Ник, но дефинитивно сме сигурни дека не очекувал 5-годишно момче. Неидентификуваното дете седело точно на работ на седиштето на возачот, со двете нозе на сопирачките.

Полицаецот му помогнал на детето да го паркира автомобилот додека да се обиде да сфати што всушност се случува. Момчето му кажало на Ник дека има 5 години и дека се скарало со неговата мајка затоа што не сакала да му купи Ламборџини. Така тој изреволтиран го украл автомобилот и тргнал на пат до Калифорнија за сам да си го купи автомобилот. Сепак мислиме дека на момчето ќе му фалат малку пари, затоа што во паричникот имал само 3 долари.

Момчето го украло автомобилот додека родителите биле на работа, а со него дома бил неговиот постар брат, но тој не приметил дека го нема детето и автомобилот. За среќа момчето поминало само неколку километри од дома и никој не е повреден.