Урнатиот НЛО откриен од американската војска „го искриви просторот и времето“, оставајќи го еден истражител „дезориентиран“ кога влегол во него и открил дека сѐ е многу поголемо внатре отколку надвор

Адвокатот од јавен интерес, Даниел Шихан, вели дека запрепастувачката приказна му ја кажал „свиркач“ кој наводно учествувал во незаконски неоткриена програма за извлекување на урнати нечовечки вселенски летала – и кој сега го информирал персоналот на Комитетот за разузнавање на Сенатот.

Приказната на адвокатот е најнова во серијата неверојатни тврдења оваа недела за НЛО во рацете на владата, кои започнаа во понеделникот со интервју на поранешниот висок разузнавач на воздухопловните сили Дејвид Груш, во кое се тврди дека американската влада поседува повеќе урнати „нечовечки“ летала.

Одделот за одбрана вели дека „не открил никакви проверливи информации“ за да ги поддржи ниту едно од тврдењата. Но, Шихан помагаше да се донесат „свиркачи“ како Груш во Конгресот во обид да се открие она што тој верува дека е владино прикривање на средбите со вонземјани.

 

Адвокатот изјави дека тоа му го раскажал инсајдер во програмата на пронаоѓање паднати летала.

„Се обиделе да закачат булдожер за да го извлечат. И извадиле форма како парче пита, речиси како да било дел од начинот на кој бил конструиран. Но застанале тука зашто не сакале да го уништат интегриретот на машината. Пратиле еден дечко за да влезе внатре во машината. Тој влегол и внатре бил големо колку фудбалски стадион. Почнало да му се гади и да станува дезоирентиран што внатре се било толку гигантско. Внатре било со големина на фудбалски стадион, а надворешноста била само 30 метри во дијаметар“, рече Шихан.

Шихан рече дека просторот не била единствената искривена димензија околу леталото.

„Тој се тетеравел назад откако бил таму само неколку минути, а кога излегол надвор биле поминати часа“.

Физичарите теоретизираа дека погонот на напредно летало теоретски може да вклучи искривување на простор-времето околу него за да се негираат ефектите на гравитацијата.

Но, Шихан одби да даде дополнителни детали – вклучувајќи ја локацијата и датумот на инцидентот – и рече дека не може да обезбеди докази за тврдењата.

Недостигот на детали, документи и фотографии ги наведува скептиците да ги отфрлат овие приказни за НЛО.

 

 

Службениците на военото разузнавање кои ја изразија својата поддршка за Груш откако тој јавно се огласи, истакнуваат дека тој се изложил себеси на значителен ризик ако лаже – бидејќи сите негови тврдења се доставени до Генералните инспектори на Министерството за одбрана и разузнавачката заедница со казна за лажно сведочење.

Шихан рече дека Груш (36) му дал голем број доверливи документи, па дури и фотографии на генералниот инспектор на Министерството за одбрана.

„Им даде над 100 доверливи документи. Но, тој не можеше да ги покаже сите на сите вработени во Комитетот за разузнавање на Сенатот, бидејќи некои немаат соодветни одобренија. Проблемот е што луѓето кои имаат такви дозволи се дел од луѓето кои го кријат тоа 75 години “, рече адвокатот.

Како и Шихан, досегашните тврдења на Груш беа од втора рака, раскажувајќи што му било кажано од наводните инсајдери на програмата за пронаоѓање несреќи додека истражувал НЛО за Пентагон. Но, во интервју оваа недела за францускиот весник Le Parisien, тој алудираше и на потенцијалното знаење од прва рака.

Новинарот Гаел Ломбарт прашал дали „видел некоја егзотична опрема со свои очи?“ а Груш одговорил: „Видов некои многу интересни работи за кои во моментов не смеам јавно да зборувам. Немам одобрение“.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *