Кои се шансите? 12 медицински работнички во една болница се ИСТОВРЕМЕНО БРЕМЕНИ. Се додека децата не личат на докторот нема никаков проблем

Регионалниот медицински центар Риверсајд во Вирџинија имаше свој „бејби бум“ кога 12 вработени беа бремени истовремено.

 

Една медицинска волонтерка, 10 регистрирани медицински сестри и една секретарка ги чекаат своите бебиња оваа година. Две жени се породиле во март и мај, а останатите ќ се породуваат во текот на годинава.

Портпаролот на медицинскиот центар изјави: „Ова е најмногу што сме имале историски во една година во нашата единица. Пет од нив се мајки за прв пат“.

 

Идната мајка Хејли Бредшо, која е бремена во 35 недела со своето второ дете, момче, рече: „Сите ние се чувствуваме исклучително поддржани и не мора да се грижиме за многу ако некому нешто му треба. Сите сме тука да се вклучиме и да помогнеме ако некој паузира или има преглед на лекар. Си го чуваме грбот една со друга“.

 

Џеки Кокс, која е во 36-та недела од бременоста со своето петто дете, девојче, додаде: „Работиме подобро како тим затоа што знаеме како ѝ е на секоја“ Г-ѓа Кокс и г-ѓа Бредшо планираат да работат до крајот на бременоста.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *