10 кратки вицови и афоризми за повесел ден
– Комшивке, каде е мажот ти? Три дена не излегол на тераса, да не е болен нешто?
– Не е болен, го потстрижав!
– – – – – –
– Памтам едно време, во кафаните се пушеше…
– Тато, што е тоа кафани? Тато, зошто плачеш?
– – – – – –
Првите три дена од татковството се незаборавни! Потоа ја пуштаат мајката од болницата.
– – – – – –
Најкраткиот виц:
– Поминува Македонец покрај кафана…
– – – – – –
Добар пример за измешани чувства:
– Да ја удриш мајката на жена ти со твојот нов автомобил…
– – – – – –
И велам на жената:
– Жено, ме боли главата!
А таа:
– Ај не ми ги кради финтите!
– – – – – –
– До колку Пи?
– До 3.14!
– – – – – –
Жена ми си облече кошула на цветчиња. Ја гледам и си мислам: Цветна градина – декар, на декар ипол… Не е жена, туку имот!
– – – – – –
– Зошто жените не го сакаат дождот?
– Затоа што им ги враќа лицата на „фабричките подесувања“.
– – – – – –
Ова лето на плажите ќе биде полно со „Антитела“!