Неверојатен инцидент: Човек е уапсен затоа што се нападнал сам себеси во сон!

62-годишниот Марк Дикара стана протагонист на својот „криминален“ сон. Тој беше уапсен и обвинет за несовесно користење на огнено оружје откако ненамерно си пукал во стапалото.

На 10 април полицијата го пронашла повредениот Дикара во неговиот дом. Тој се здобил со прострелна рана и бил пренесен во медицинска установа за да му биде укажана потребната помош. По извршената темелна истрага, полицијата дошла до необичен заклучок: мажот, очигледно, се застрелал додека бил во длабок сон.

 

 

Според верзијата на истрагата, во тој момент Марк Дикара во сон видел како разбојниците влегле во неговата куќа. Не сфаќајќи што се случува во реалноста, решил да го употреби својот револвер 357 Magnum и да пука кон непостоечки натрапници. Сè уште во состојба на сон, човекот се разбудил дури откако куршум му ја пробил ногата.
Како резултат на истрагата, Марк Дикара беше обвинет за несовесна употреба на огнено оружје. Сепак, ова не е единственото обвинение со кое се соочи овој несреќен човек. Полицијата го сомничи и за недозволено поседување оружје, бидејќи претходно му ја одзела дозволата за поседување.
Рочиштето за овој случај се очекува да се одржи на 29 јуни. Во моментов мажот е на слобода, бидејќи платил кауција од 150 илјади долари.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *