Ова се материјалите за наставниците во Британија, според кои тие треба да ги учат 12-годишните деца како да се самозадоволуваат, но и многу понастрани работи
Училиштата ги учат децата за аналниот секс и оргазмот пред да достигнат пубертет и им даваат „мастурбација“ како домашна задача, откриваат тајните планови за часови.
Многу наставници ги „индоктринираат“ децата со научно лажни тврдења за биолошкиот пол, прикажувајќи го полот како флуиден и продолжуваат со наративот дека луѓето можат да се родат во погрешно тело.
Пронајден е графички наставен материјал – вклучително и прирачник за секс за пред тинејџери – што им се предава на децата на часовите низ Обединетото Кралство.
Сето ова следи откако на загрижена мајка ѝ беше ускратено правото да ја види содржината на лекциите што ѝ се предаваат на нејзината 15-годишна ќерка на часовите за односи и сексуално образование, кои станаа задолжителни пред три години во Обединетото Кралство.
Па еве сега се дозна што ги учат децата низ Британија и овие лекции и планови дефинитивно ќе ве вознемират, без разлика дали сте родители или не.
Мастурбација, влажни соништа и сексуални чувства

Според програмата овој дел првпат се предава за мастурбацијата „кога повеќето деца веќе имаат девет години“.
На горната слика можете да видите дека всушност имаат вежби за да ги истражуваат чувствата да се биде „напален“, да ви се допаѓа некој и да ја истражат нивната сексуалнсот. Каде што дел од вежбите се да зборуваат отворено за нивните чувства. Па потоа им се покажуваат слики од машко и женско како мастурбираат и на кукли се симулира како правилно да мастурбираат. А се пуштаат и видеа на таа тема и се зборува за терминот „свршување“.

Основното училиште Калверли во Западен Јоркшир ги наведува „влажниот сон“ и „мастурбацијата“ во договорениот вокабулар за часовите на девет и 10-годишни деца.

План за лекции усвоен од СЕФ од независното специјално училиште Меривуд Хаус, во Сари, наменето да ги научи момчињата и девојчињата на возраст од девет години за „мастурбација“, „влажни соништа“ и „сексуални чувства“.


Потоа цели дефиниции и потточки што значи мастурбација, како е нормална, како ќе ви помогне да го осознаете своето тело. Каде што им се наведени линкови каде што можат да отидат за да им помогнат да сфатат за мастурбацијата и порно сајтови.
За домашна работа, планот за лекција сугерираше дека децата треба да вежбаат „да ја затвораат вратата и да бидат приватни ако [лицето] сака да мастурбира“.
„Vagina Matters“ прикажа и експлицитни цртани од голите гради, задникот и вагината на жената.


Vagina Matters е бесплатен извор за учење на веб-страницата на добротворната организација за сексуално здравје Брук. Книгата (на фотографијата) е наменета за девојчиња од 12 до 14 години опфаќа секс, мастурбација и оргазми.
Водичот, наменет за девојчиња на возраст од 12 до 14 години, вели: „Можете да бидете сексуално привлечени кон секого“. Исто така, се наведени начини за наоѓање „сексуално задоволство“ што вклучува „анален секс“ и „орален секс“.


Водичот исто така го нормализира сексот „пред вашата прва менструација“. Повеќето девојчиња почнуваат да имаат менструација на возраст од осум до 13 години. Сексот пред 13-годишна возраст законски се смета за силување.
Под „совет“ се додава: „Можете да ги користите прстите за да си играте со вашиот клиторис – галете го, масирајте го, тријте го, штипнете го или лесно стискајте го“.

Пол и секс
Во еден поинаков план за часови го дефинираат родот како „состојба да се биде машко или женско социјално или културно“, додека сексот се вели дека е „состојба да се биде машко или женско биолошки“.
Односно тука се објаснети термини како што значи да се биде транс, да се биде во транзиција и разликата меѓу sex и gender во англискиот јазик, што всушност се два збора за зборот „пол“.
Ги учат дека sex – е тоа што ти е дадено биолошки, а gender – е тоа како ти се чувстуваш социјално, дали си машко или женско.

Планот за лекција на друго училиште вели дека девет и 10-годишните деца треба да научат дека родовиот идентитет може да се разликува од биолошкиот пол и дека различноста и вклученоста се важни во промовирањето на можностите за кариера.

Во друг план за лекции, се изнесени научно лажни тврдења за биолошкиот пол и Y-хромозомот.
Присуството на Y хромозом кај човекот значи дека таа личност е маж. Дури и ако имаат повеќе Х хромозоми од вообичаено, како на пример дека се XXY или XXXY, тие сепак се мажи.
Како и да е, овие планови за лекции го прават лажното тврдење дека да се биде XXY (исто така наречен Klinefelter-ов синдром) значи дека можете да бидете машко или женско, или ниту едното друго.
Ова е лажно, затоа што биолошки, само мажите можат да бидат XXY.
Планот за лекции создаден од добротворната организација за сексуално здравје, Брук, вели дека една цел на учење од класата за родови и стереотипи е да може да „идентификува низа родови идентитети, сексуални ориентации и да препознае дека начинот на кој се идентификуваме е на одреден спектар“.

Графички и вулгарни цртани


Наставниот материјал направен од Educator Solutions на Советот на округот Норфолк и споделен од основното училиште Мулбартон, кое се наоѓа во близина на Норвич, вклучува цртани филмови на голи мали деца кои треба да им се прикажат на пет и шестгодишни деца.
Тоа сугерира дека учениците треба да ги препознаат пенисот и вулвата, но ги предупредува наставниците да не ги отфрлаат децата ако користат сленг зборови за гениталиите.
Сексуализирани детски игри

Друг водич, овој пат наменет за деца од основно училиште, ги запозна децата на возраст од пет години со „транстерминологијата и ЛГБ заедницата“ со „ЛГБТ книга за боење и активност“.
Боенката е создадена од ЛГБТ фондацијата, која ја дефинира жената како „некој што се идентификува како жена“ и тврди дека не се жени сите луѓе кои можат да имаат менструација и да забременат.

Во боенката, децата од основно училиште беа поканети да обојат насмеана фигура од цртан филм наречен Џон.
Се вели дека иако кога се родил Џон „луѓето мислеле дека е девојче“, тој всушност е „маж кој е транс“.

Децата исто така беа поканети да обојат во Zoë, „небинарна“ личност, што според книгата значи „тие не се ниту момче ниту девојче“.

Боенката содржи и пребарување на зборови за деца на возраст од пет до 11 години, каде што можат да најдат различни сексуалности.


Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно