Неверојатни факти за храната што секојдневно ја јадеме: Ако вашето чоколадо изгледа побелено, еве што е причината
Извинете што можеби ќе ви го „скршиме филмот“, но не постои нешто како бебе морков. Малите слатки моркови што ги продаваат во супермаркетите се всушност обични моркови кои се истругани до оваа „бебешка големина“.

Исто така кафеавиот и белиот ориз се ист производ. Белата сорта започнува како кафеава, но потоа некои делови од неа се отстрануваат со мелење, што на оризот му дава бела боја. Ова овозможува да се чува подолго, но во исто време ја намалува хранливата вредност на оризот.
Кога сме на тема ориз, со него се изгради Кинескиот ѕид! Градежниците измешале леплива оризова супа со лимета и го добиле оризовиот малтер за градба. Бил поцврст и имал подобра водоотпорност од обичниот малтер. Благодарение на супата од ориз, Кинескиот ѕид може да стои со векови.

А сега, да, чоколадото. Пронајдовте одамна заборавена чоколада во вашето биро? Вкусно, убаво изненадување! Но, кога ќе ја отворите, се двоумите дали да ја јадете затоа што е некако побелена. Сепак, не грижете се, безбедно е да се јаде.
Само што маснотијата, или путерот од какао, користена за правење на чоколадото, се одвоиле од останатиот дел од чоколадото поради топлината. И како што чоколадата повторно се оладила и стврднала се создал овој бел слој. Сепак, вкусот може да биде малку променет и да не биде доволно јак.
Но кога веќе почнавме, ајде да продолжиме понатаму!

Авокадото не може да созрее додека е уште на дрвото. Ако не се берат, ќе паднат од гранката додека сѐ уште не се зрели. Меѓутоа, кога ќе се оберат, тие ќе станат меки и вкусни исто како што ги сакаме ние. Ова се случува поради етиленот произведен од самото овошје по берењето. Тој е инхибиран додека авокадото е сѐ уште на дрвото.
Доматите купени во супермаркети често имаат слаб вкус. Тоа е поврзано со тоа како тие се одгледуваат и складираат потоа. Доматите се берат кога сè уште не се целосно зрели и созреваат во транспортните контејнери и полиците на продавниците. Но, ако се чуваат на температури под 4 степени додека не се целосно зрели, тие губат многу од својот вкус. За да бидат вкусни, најдобро е да ги чувате доматите надвор од фрижидерот.

Медот е веројатно единствената храна која буквално никогаш не може да се расипе. Ако е правилно затворен без воздух, може да трае со милениуми и сепак да може да се јаде. Најстариот лонец кој бил пронајден бил стар 5.500 години!
Иако темното и млечното чоколадо не предизвикуваат никакви прашања, нивниот бел брат или сестра воопшто не е чоколадо. Белото чоколадо не содржи какао во прав, што ги прави чоколадото чоколадо. Белата сорта е какао путер измешан со шеќер и арома – обично ванила.
Кикириките се поблиски роднини на грашокот отколку јаткастите плодови. Тие се мешунки – тип на растенија во кои спаѓаат грашок, наут и грав. Ниту индиските ореви не се јаткасти плодови: тие се семиња кои се собираат од прилично големи плодови. Истото може да се каже и за оревите, бадемите, пеканот и ф’стаците.

Ако „плачете“ кога сечете кромид, постојат неколку начини да го избегнете тоа. Една од нив е да го ставите кромидот во замрзнувач пред да го исечете: тоа ќе ги замрзне молекулите на хемикалијата што ве тераат да плачете. Друг метод е миење на кромидот во ладна вода непосредно пред да го исечете. Студот и влагата што остануваат на кромидот нема да дозволат хемикалијата да дојде до вашите очи. И третиот начин е да ставите влажна хартиена крпа до вашата даска за сечење. Хемикалијата е привлечена кон најблискиот извор на вода, кој обично се вашите очи, но во овој случај, тоа ќе биде крпата.
Внимавајте кога јадете свеж ананас, бидејќи тој буквално може да ве изеде! Содржи ензим кој ги вари протеините. Чувството на печење што го добивате кога сте јаделе премногу ананас? Тоа е тоа.

Во 18 век остригите, јастозите и речиси секоја друга морска храна се сметале за храна за сиромашните. Приморските заедници се хранеле со она што можеле да го фатат во морето, а тоа вклучувало школки, ракови и многу други работи што ги сметаме за деликатеси денес.
А додека макарони со кашкавал во тоа време се сметало за храна на богатите. Тестенините можеле да се увезуваат само од Италија, што ги правело скапи, а процесот на правење кашкавал одземал време и напор. Ниту тоа не го поевтинило производот. Само најбогатите можеле да си дозволат чинија макарони со кашкавал или сирење, а се служело во најскапите ресторани како деликатес.
Портокалите всушност го дале името на бојата што сега ја знаеме како портокалова. На стар англиски јазик, оваа боја била наречена „жолто-црвена“. Зборот што ја означува нивната боја се појавил дури кога овошјето станало широко распространето низ Европа.
Ако сакате да се добилижите до кошница со пчели, погрижете се да немате банани на себе. Феромонот што ги алармира пчелите да се кренат и да го заштитат својот дом мириса на банани. Значи, веројатно ќе станете нивен непријател број еден ако се приближите премногу.

Млекото некогаш се сметало дека е материјал за правење пластика. Било биоразградливо и нерастворливо во вода и практично не горело. Но, подоцна било надминато од пластиката на база на нафта бидејќи сортата на база на млеко не можела да се обликува и станала кршлива со текот на времето. Исто така, видот на база на нафта бил многу поевтин во производството.

Иако најраспространетата боја на карфиолот е белата, тој доаѓа и во зелени, портокалови и виолетови сорти. Тие се потешки за одгледување од белите, но инаку не се разликуваат многу од нив. Што се однесува до вкупниот број на сорти на карфиол, има неколку стотици од нив!
За полесно да ја тестирате свежината на јајцата, ставете ги во сад со вода. Свежото јајце брзо ќе се спушти на дното, додека расипаното ќе плови.

Коментирај анонимно