Комичари, вашите работни места засега се безбедни! „Најнапредниот“ хуманоиден робот во светот се обидува да каже виц

Од компјутерски програмери до адвокати, неколку работни места веќе се изложени на ризик да бидат преземени од вештачката интелигенција. Но, ако сте комичар, можете да бидете спокојни сега за сега.

Амека, „најнапредниот хуманоиден робот во светот“, се обидува да каже шега во ново видео – и очајно не успева.

Роботот несомнено е реалистичен и може да изведува низа изрази на лицето, вклучувајќи намигнување, стискање на усните и крцкање на носот – исто како вистинска личност.

Во последното видео, објавено на каналот на YouTube Engineered Arts, од Амека беше побарано да размисли за најзабавното нешто што би можела да му го каже на истражувач.

 

Еден научник го покажувал својот нов робот со вештачка интелигенција на група луѓе.

Колку е 2+2? – го прашал научникот роботот
– Четири – одговорил роботот.

Научникот бил толку импресиониран што продолжил.

Колку е 4+4?
– Осум – одговорил роботот.

Научникот бил толку импресиониран па продолжил.

Колку е 8+8?
– 16 – одговорил роботот.

За да ни стане МНОГУ ПОЈАСНО таа додаде: „Тоа е крајот на шегата“.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *