„Го родив моето бебе во АВТОМОБИЛОТ додека мојата 20-месечна ќерка гледаше, а мојот партнер возеше накај болница“
Лорен Кеш (24) од Маестег, Јужен Велс, почнала да има породилни болки во 1 и 30 часот ноќта. Го разбудила својот сопруг Енди Патрик и заедно со 20-месечната ќерка сè уште облечена во пижами се качиле во автомобилот за да одат во болница.
Но, бебето Луна-Рае не можела да чека – и се родила на совозачкото седиште.


Лорен рече: „Бевме на двојниот коловоз, па Енди не можеше да застане, а јас бев навистина блиску да се породам, а потоа ја видов главата на бебето и некако се потпрев на Енди и таа само „слета“ на столот на совозачкото седиште. Контракциите не беа многу болни па мислев дека имам време“.


Потоа успеале да се паркираат на железничката станица каде таткото Енди проверил дали неговата ќерка дише и ја завиткал во крпа пред да продолжат до болница.

Лорен рече: „За среќа, ќерка ми дишеше и тој ја стави во мојот скут и стигнавме во болницата каде тим од акушерки чекаа пред вратите Ургентно. Тие ја пресекоа папочната врвка и ме качија горе за да ја испорачам плацентата. Се чинеше дека сето тоа се случи многу брзо. Сето тоа ми е како низ магла. Мојот партнер беше истрауматизиран и Нова немаше поим што се случува, но најважно на крајот сите се добро. Тие ја задржаа Луна шест дена само за да се уверат дека нема инфекции и сега таа безбедно се врати дома со нас. Тоа секако беше искуство што никој од нас никогаш нема да го заборави“.


Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно