„Ќе ве пријавам кај директорката да ве казни“ – Шокантно аудио покажува како наставничката „им ги пере“ мозоците на децата кои ѝ противречат и ја пропагира агендата дека едноставно можеме да немаме пол

Вознемирувачко аудио кое покажува како децата размислуваат и преиспитуваат работи, а наставниците се тие кои им велат дека не треба така. Пред некој ден излегоа тајните планови и лекции за училиштата во Британија каде што наставниците ќе треба да ги учат децата дека е во ред да се нема пол, како да се самозадоволуваат и слично. И додека мислевте дека, како и вие, и наставниците седеле дома и си ја „чукале“ главата прашувајќи се како да го прават запрашајте се повторно дали е така.

Мислевме дека новите генерации на деца се тие на кои им се изместени некои работи и не размислуваат со своја глава, но ова аудио е доказ дека децата размислуваат и дека наставниците имаат голем удел во тоа какви се сега.

Децата ѝ викаат на наставничката дека биолошкиот пол ти одредува дали си машко или женско, а таа ги учи дека секој може да одлучи што е дури и ги нарекува хомофоби затоа што го посочуваат очигледното и дека ќе ги пријави на директорката за да ги казнат.

 

На аудиото можете да слушнете како девојчињата велат дека ако некоја личност се идентификува како мачка или слично тогаш значи дека таа личност не е баш психички добра. Дека е најверојатно луда.

Тогаш наставничката прашува дали тие доведуваат во прашање нечиј идентитет.

Децата на тоа велат дека не го доведуваат во прашање нивниот идентитет туку дека само го констатираат нивниот пол. На што наставничката одговара „Кој ти кажал дека постојат само два пола?“

Децата се бранат со тоа што кажуваат дека едноставно го искажуваат своето мислење и ако тие треба да почитуваат туѓо мислење зошто некој не може да го почитува нивното? Дека постојат само два полови органи кои може да ги има човек и поради тоа си машко или женско.

Наставничката повторно им противречи велејќи дека тоа не е нивно мислење (алудира дека навредуваат со тоа) и дека полот не се поврзува со половиот орган со кој си роден туку се поврзува со тоа како се чувствуваш односно идентификуваш. И потоа таа почнува да навлегува и да објаснува како постојат три биолошки пола. Интерсекс – личноста е родена со комбинација на машки и женски биолошки особини. Потоа gender (како збор за „пол“) каде што постојат повеќе трансџендер, аџендер (луѓе кои веруваат дека немаат пол). Таа не успева да се докаже затоа што децата почнуваат да се бунат.

Тие  дека тоа е невозможно дека ако имаш вагина си женско и ако имаш пенис си машко.

Но, наставничката продолжува да употребува новонастанати термини како цисџендер што означува личност која има родов идентитет што одговара на нивниот пол доделен при раѓање. Односно сите ние кои сме женски затоа што имаме вагина и машки затоа што имаме пенис.

И наставничката навлегува во таа небулозна дебата со децата на кои им вели дека тие сакаат цисџендерот да го наметнат како норма и тоа е навистина „злобно“. И дека тие ги мешаат зборовите sex и gender (во англискиот јазик се користат тие два термини за означување на „пол“). Каде што сега gender – е како се идентификуваш, а sex – е полот кој ти е даден поради органот што го имаш.

Тогаш децата многу логички ѝ повторуваат дека ако имаш вагина и женско и ако имаш пенис си машко и тука завршува сето тоа. Дека поголемиот број на луѓе мислат така и дека едноставно тоа е така. Наставничката го искористува тој момент да сврти дека баш дека голем број на луѓе мислат така и тоа е проблемот со хомофобијата во светот. На што децата, кои дефинитивно излегуваат попаметни од неа, велат дека тоа нема врска со хомофобија, дека тие немаат ништо против лезбејките и педерите туку тоа има врска со половите, и тоа е нивно мислење и тие не се сложуваат со нејзиното мислење.

Тука наставничката го повишува тонот и вели како има врска и дека не може така тие да имаат свое мислење и ако не им се допаѓа тоа нека одат во друго училиште . Завршува со тоа дека ќе ги пријави кај директорката да ги казни, затоа што требало да имаат соодветен едукативен разговор. И дека ќе треба да напишат изјава за сето ова.

Значи одеднаш таа ги заплашува со овие работи и ги прави криминалци. Но децата на крајот велат дека нема проблем ќе напишат.

Синоќа, мајката на едно од девојчињата која тајно го снимала ова, која побара да остане анонимна, изјави: „Толку сум горда на мојата ќерка, таа секогаш ќе се залага за она што верува дека е правилно и тоа е се што направи“.

А ние се што имаме да кажеме е: Добредојдовте во иднината

Целото аудио можете да го слушнете овде.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *