„Ме исфрлија од теретана затоа што сум зјапал во девојка, а јас сум СЛЕП“
Тоби Адисон е роден со вид, но почнал драматично да го губи видот од 11-годишна возраст, бил 80% слеп во раните тинејџерски години и моментално му останува само 4% од видот. Неодамна тој се нашол во крајно вознемирувачка ситуација кога една девојка во неговата теретана мислела дека е морничав и постојано зјапал во неа. Иако можеби мислите дека решението за ова недоразбирање е едноставно, за жал, ќе погрешите.
На Тоби го приоретизира одењето во тератана

Иако Тоби е со оштетен вид, многу му е важно да го живее својот живот како целосно способна личност, особено да се одржува во форма.

Се разбира, тој мора да спроведе многу прилагодувања за да заврши пристоен тренинг. Тој сподели дека неверојатно зависи од помошта на персоналот, кој треба да го водат до машините, како и да му постават сè и да му дадат прецизни насоки како да користи сè. Но, излезе дека има повеќе пречки во салата отколку што Тоби првично очекуваше.
Едноставно недоразбирање кое пребрзо ескалирало.
Адисон сподели несреќна ситуација што му се случила во теретана еднаш, а која завршила со тоа што бил исфрлен од таму. Почна со објаснување дека, очигледно, најчесто не знае каде гледа, особено кога вежба.

Тој ја започна својата приказна: „Значи, јас само гледав право напред и за жал имало една девојка која правела некои вежби. Таа дојде кај мене и не знаев дека зборува со мене на почетокот бидејќи не правам ништо лошо. Јас само си го работам своето. Таа рече нешто слично на „Зошто постојано зјапаш во мене? Престани. Не биди толку морничав“.
Адисон пробал да ѝ објасни на девојката дека е слеп, а тој всушност го имал својот бастун со себе, тој бил во неговиот скут. Но, девојката не верувала, таа мислела дека лаже за да може слободно да гледа во жените. Ситуацијата завршила така што девојката го викнала менаџерот и побарале од Тоби да си замине.

Тоби вели дека е потребна подобра обука на персоналот.

Апсолутно е шокантно што вакво нешто му се случило на слепец. Адисон објаснил дека теретаната, каде што се случило недоразбирањето, е ново место за него. Во неговата редовна теретана, персоналот го познава и сите се навистина корисни. Со сигурност може да се каже дека никогаш не се вратил во таа теретана.

Коментирај анонимно