10 приказни за бившите кои ќе ве натераат да го цените и вашето најлошо раскинување
Многу пати врските не функционираат без разлика колку се трудат луѓето. Во тие случаи, најдоброто нешто за секого е да се разделите во добри односи и да дозволите љубовта да преовладува како убав спомен на подобри времиња. Сепак, има некои бивши кои пуштаат да излезе нивната помрачна страна и да ја натераат другата страна да се запраша „што се случи по ѓаволите?“.

1.
Ме остави сред ноќ. Само си ги спакува работите и исчезна. Буквално ништо не водеше до ова. Немавме совршена врска, но сепак беше убава и баш тој ден беше еден од поубавите. Се појави после неколку часа зашто заборавил нешто и ме праша дали може да ми го земе полначот за iPhone.
2.
Додека бевме во брак таа забремени од дечкото со кој ме изневеруваше, а и тој беше оженет. Таа ја имаше идејата во глава дека тој ќе ја остави сопругата и ќе се земат, па поднесе за развод. Само што дечкото работеше за таткото на жена му кој планираше да му остави се откако ќе се пензионира. Тој сфати дека ако се разведе ќе заврши и неговата совршена и обезбедена кариера, ѝ призна се на жена му и молеше за прошка. Таа го прими назад и тој ја откачи жена ми.
3.
Бившата се јави во мојата компанија, стигна да разговара со директорот на компанијата и му рече дека сум нестабилен. Подоцна дознав дека таа мислела дека на овој начин ќе ја дознае мојата нова адреса што не ја споделив со неа.

4.
Додека траеше разводот тој доаѓаше кај мене и ми плачеше за проблемите во новата врска СО МОЈАТА БРАТУЧЕТКА. Имаше афера со неа и додека бевме во брак и поради неа ме остави. Тој се пресели кај неа, но не живееше само со неа туку и со нејзиниот друг сопруг и беше вознемирен дека братучетка ми имала многу дечковци.
5.
Мојот поранешен сопруг почна да излегува со својата маќеа која е во неговиот живот уште од 11-годишна возраст. Неговата маќеа и тој сѐ уште се заедно речиси 5 години подоцна. Неговата маќеа му ја призна љубовтана неговиот татко пред неколку години и тие оттогаш се разведоа. Таткото сега излегува со 21-годишна девојка.
6.
Неговата сестра испрати поарка на Фејсбук до сите негови контакти на денот на нашата раздебла вклучувајќи го и моето семејство). Пред да кажеме било што таа напиша дека сите треба веднаш да ме избришат и ако кажам зошто сме се разделиле, лажам и да не ме слушаат. Во основа, ова создаде многу љубопитни прашања и многу смеа.

7.
Ме демнеше 5 години. Правеше лажни профили на социјалните мрежи за да се обиде да ме следи (јас ги блокирав бескрајно) и се обидуваше да најдам каде работам за да може да разговара со мене. Оваа жена ме изневеруваше со 7 различни мажи 2 месеци откако бевме во брак. Кога го официјализиравме разводот на суд, таа плачеше во канцеларијата на судиите. Татко ми беше со мене и ѝ фрли 50 долари и ѝ рече да си го смени презимето.
8.
Ми се јави ноќта пред неговата венчавка со втората сопруга и ме праша дали навистина е готово. Тој рече: „Ова е нашата последна шанса да бидеме заедно. Дали си сигурна дека е готово?“ Ноќта ПРЕД ДА ПРАВИ СВАДБА. Претпоставувам дека тоа што јас побарав развод, платив за трошоците и јас ги поднесов документите не беше доволен знак дека е готово.
9.
Мојата колешка конечно се разведе по 2 години. Имаше дете со хендикеп за кое бившиот одби да помогне и да плаќа издршка. Таа реши да ги продаде свршеничкиот прстен, дијамантската венчаница и неколку парчиња накит што ѝ ги подари бившиот во текот на годината и кои можеше да ги задржи по разводот. СЕКОЕ ОД НИВ БЕШЕ ЛАЖНО.. Нејзиниот златар ѝ рекол дека скапоцените камења неодамна биле заменети со лажни. Така, за двете години што таа се трудеше бракот да профункционира, нејзиниот поранешен го заменил целиот накит со фалсификати.
10.
Не бевме во брак, но бевме свршени две години. Не сакав да ја видам кога ќе си ги собира работите, па затоа што бев млад и наивен ѝ реков да ги земе нејзините работи и да ги остави клучевите низ сандачето на моите родители. Кога се вратив дома вечерта, таа и нејзиното семејство го имаа натоварено секое парче мебел, тенџериња и тави, постелнина, бела техника, храна, па дури и лични предмети и ги однеле некаде. Подоцна дознав дека ги однеле на ридот и таму ги фрлиле.

Коментирај анонимно