Били Ајлиш открива која според неа е „најжешката личност што некогаш постоела во историјата на светот“. Се сложувате?

Во новото интервју 21-годишната суперѕвезда откри дека сака да ја слуша музиката на нејзиниот идол Ријана, да игра игри на нејзиниот телефон, да поминува време со семејството и да се капе.

„Кучиња, големи кучиња… кога сум покрај големи кучиња сум опшутена“, изјави таа за британскиот Vogue . „Но, навистина е тешко, знаете? Имав тежок период да бидам искрена, и сè уште го процесирам тоа“.

 

Исто така изјави дека Ријана е „најжешката личност што некогаш постоела во историјата на светот“ и нејзина инспирација. Изведувачката родена во Барбадос, која го очекува своето второ дете со момчето А$АП Роки , претходно беше наречена „Најсекси жена на светот“ од страна на магазинот Esquire во 2011 година

Со текот на годините, Ајлиш ja припишува својата стилска инпирација на Fenty Beauty, козметички бренд од Ријана, кој беше лансиран на 8 септември 2017 година.

„Модата е мојот одбранбен механизам. Отсекогаш беше така за мене. Секогаш ми беше безбедносно ќебе. Тоа е мојот начин на изразување без да морам да користам зборови. Модата е сопствен јазик и јас го користам мојот цел ден, секој ден“.

Во 2019, креаторката на Bad Guy призна дека се „исплашила“ да ја запознае Ријана затоа што „целиот живот“ таа „никогаш не сакала“ да ги запознае нејзините „идоли“.

„Никогаш не сакав да им пречам“, објасни таа, пред да признае дека ќе умре милион пати ако ја добие привилегијата.

 

На почетокот на оваа недела, Ајлиш се отвори дека се чувствува непријатно читајќи „навредливи коментари“ за нејзиното тело на социјалните мрежи.

„Друже, не ни знам. Тешко е, човече. Мислам дека ако бев помлада, како на пример ако интернетот зборуваше за мене како што зборуваат сега кога имав 11 години, мислам дека нема да можам да постојам, да бидам искрена. Се сакам себеси многу повеќе од порано, и повеќе ме интересира како се чувствувам јас отколку како тие се чувствуваат. Но, сепак кога луѓето на Интернет се злобни тоа ги повредува моите чувства“

 

Друг чекор што таа го направи е отстранувањето на социјалните мрежи од нејзиниот телефон.

„Не гледам повеќе. Го избришав сето тоа од мојот телефон, што е огромна работа за мене. Затоа што пријателе, немаше интернет кога растевме. Јас не бев бебе на iPad, фала богу – но искрено, се чувствувам како да пораснав во совршено време на интернетот што не беше толку „интернет“. И, имав такво детство и цело време правев работи“, забележа Ајлиш во една епизода од подкастот на Конан О’Брајан.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *