„Ова ми го спаси животот!“ – Со овие евтини и брзи трикови ќе имате сјајна кујна и рерна без користење на хемикалии
Блогерката Јагмур го сподели трикот во кој става парчиња лимон во сад со топла вода и го става во загреана рерна за да дозволи пареата да ја олабави нечистотијата. Таа потоа ги брише маснотијата и нечистотијата со крпа од микрофибер.
„Ова само ми го спаси животот, природно чистење на рерната. На овој начин ќе ги исчистам и мојата фритеза и микробранова печка“, рече Јагмур од Торонто.
Таа полни голем метален сад со топла вода и сече еден лимон додека нејзината рерна се загрева на 200°C. А потоа го става садов во рерната 20 минути и на тој начин ја „омекнува“ маснотијата.
Претходно, исто така и уште една девојка, Шантел Мила, го сподели својот практичен рецепт за средство за чистење со три состојки за да се ослободи од нечистотија и маснотиите во кујната.
Шантел користи мешавина од сапун, вода и сок од лимон за да ја направи нејзината кујна да блеска и да ја елиминира маснотијата. Таа вели дека вака лесно ќе се откачите од маснотиите во кујната и таа ќе блеска.
Во шише со спреј, Шантел комбинира половина чаша топла вода и сапун и сок од лимон. Тоа е „моќна“ кисела мешавина која може да ги омекне цврстите маснотии и нечистотија оставајќи ја кујната сјајна и дезодорирана.

Коментирај анонимно