Кога ќе ти се види романтична идејата да го изгребеш името на својата вереница на Колосеумот во Рим и потоа ќе ти се јави министерот

Италијанскиот министер за култура Џенаро Санџулијано реагираше бурно на ова видео од турист кој го гребе името на својата вереница на едно од седумте светски чуда.

„Сметам дека е многу сериозно, недостојно и знак на голема безобразност турист да обезличи едно од најпознатите места во светот, историското наследство како што е Колосеумот, за да го издлаби името на својата свршеница.“

Дека Италијанците не се нежни со ова се гледа од фактот дека Русин кој го правел истото пред неколку години е казнет со 20.000 евра. Казната со која може да се соочи туристот е парична казна од 15.000 евра или затворска казна од пет години.

По се изгледа одморот ќе го чини туристот многу повеќе отколку што планираше.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *