Жени слушајте внимателно и мажи дали е ова точно? Седум работи за кои мажите не се грижат кога размислуваат за долга врска
Експертот за врски Луан Вард откри дека жените не треба да го мешаат она што го бараат со она што мажите го сметаат за вредно. Тренерот за запознавање ја сподели листата заедно со неколку примери на особини кои мажите ги сметаат за неважни – како академскиот успех на жената и банкарската сметка.
„Дами, можеби мислите дека имате многу да понудите – и веројатно имате – но мажите не бираат партнери како што прават жените, и она што го ценат не е секогаш она што го мислите. Мажите не се грижат, а јас ќе ви кажам за што точно не им е гајле“, напиша Луан во објавата.

1. Вашето академско достигнување
„Не велам дека нема да биде импресиониран од него, но тоа нема да влијае за да избере дали сте соодветен партнер за него“, рече Луан.
Наместо тоа, мажите повеќе се занимаваат со способноста на жената да биде женствена и удобна со себе.
2. Вашиот зафатен социјален живот
„Мажите не сакаат да знаат колку сте зафатени со дружење и одење на места“
Луан сподели дека мажите се грижат за тоа како жените изгледаат физички и како се грижат за своите домови, здравје и нивните партнери.
3. Вашиот успех во кариерата
Вашето образование, вашата кариера нема да му помогне на мажот да одлучи дали му одговарате. Но, важна карактеристика на карактерот е колку некој може да биде поддршка за нивните цели и соништа.

4. Вашата финансиска состојба
„Вашите богати родители или сите работи што ги имате – тие не му се важни“, рече Луан.
Таа откри дека иако мажот би сакал да не прими жена која доаѓа со цел куп долгови, нејзината финансиска состојба „не е главна работа“.
5. Колку сте независни
Кога мажот ќе ја слушне репликата „не ми треба маж“ – тој обично се одјавува.
„Зошто мажот не би сакал да биде потребен? Наместо тоа, мажите бараат жена која може да ги контролира своите емоции и да биде рационална. Тој сака некоја што ќе може да зборува за начинот на кој се чувствува наместо да се буни и да обвинува“
6. Вашите социјални мрежи и колку следбеници имате на Инстаграм
Профилите на социјалните мрежи се плитки аспекти на карактерот на една личност и не кажуваат ништо конкретно за личностс.
7. Вашите дизајнерски чанти, дизајнерски чевли или колку чинат
Гардеробата на една личност е главно материјалистички аспект на нивната личност што не открива ништо подлабоко за нивната душа.
Па, мажи дали е ова точно?

…..
A be pravi mu kejf na k…t, sè ke dozvoli posle. Kolku potvrd k.., tolku pomeko srce
Коментирај анонимно