„Останав бремена од мојот сопруг без да имаме сексуален однос! Не можам да објаснам како се случило тоа, но сакам развод!“

Таибат Абубакар, жителка на градот Илорин во нигериската држава Квара, поднесе барање за развод од нејзиниот сопруг Абубакар Салиху. Но, најинтересно е што жената тврди дека останала бремена без никаква сексуална врска со сопругот.

 

Се започнало со одбивањето на Таибат да се омажи за Абубакар, бидејќи таа немала никакви чувства кон него. Сепак, и покрај нејзиното одбивање, нејзиниот сопруг инсистирал на својот став и тврдел дека таа нема избор.

„Тој рече дека треба да се омажам за него, но јас реков не затоа што не го сакам. Но, тој инсистираше и рече дека не му е гајле дали ми се допаѓа или не, немам избор околу неговиот предлог. Потоа одеднаш ми се јави еден ден и рече дека сум бремена од него и дека не смеам да абортирам. Не го сфатив тоа сериозно додека не го добив мојот циклус на крајот на месецот, а немав секс со него“.

Изненадена и збунета, Таибат решила да има бебе. Таа нагласи дека тоа го направила само затоа што сопругот ѝ го платил миразот. Сепак, таа сега инсистира на развод и бара судијата да му нареди на Абубакар да ѝ плаќа 10.000 нигериски наири (12 евра) месечно за одржување на детето . Покрај тоа, таа бара судот да го обврзе нејзиниот сопруг да ги плати школските трошоци на детето“.

За возврат, Абубакар ги отфрла сите изјави на неговата сопруга. Тој изјави дека, и покрај нејзиното првично одбивање, нивната врска подоцна се подобрила. Тој тврди дека свесно имале секс, а не во сон или во духовниот свет, како што тврди Таибат.

Магистратот Аџибаде Лавал наредил брачната двојка да го задржи статус квото до следниот состанок, кој е закажан за 25 јули. Сепак, многу прашања остануваат неодговорени. На пример, дали медицинските експерти ќе бидат вклучени во истрагата и како, најинтересно, да се објасни ваквата необична појава?