Мадона пронајдена без свест во нејзиниот дом и итно пренесена во болница, семејството се подготвувало за најлошото
Мадона била пронајдена без свест во саботата во нејзиниот дом во Њујорк и итно била пренесена во болница каде била интубирана. Нејзината состојба била толку сериозна што роднините се подготвувале за најлошото.

Менаџерот на пејачката, Геј Осеари откри дека Мадона боледува од сериозна бактериска инфекција и е принудена да ја одложи својата очекувана турнеја која требаше да започне на 15 јули. Најстарата ќерка на Мадона, Лурд Леон (26) останала покрај неа за време на нејзината хоспитализација.
„Во саботата, на 24 јуни, Мадона разви сериозна бактериска инфекција што доведе до неколкудневен престој во болница. Нејзиното здравје се подобрува, но сè уште е под медицинска нега. Се очекува целосно закрепнување. Во овој момент ќе ни треба да ги паузира сите обврски, што ја вклучува и турнејата“.
![]()
Тој не откри кога Мадона би можела да биде доволно добро да ја започне меѓународната турнеја, едноставно ветувајќи им на фановите дека „ќе сподели повеќе детали штом ги имаме, вклучително и нов датум за почеток на турнејата и за презакажаните претстави“.
Според извори блиски до пејачката, таа работела деноноќно за да се погрижи нејзината турнеја да биде ништо друго освен совршена, при што еден открил дека вежбала шест дена во неделата, додека друг во април изјавил дека Мадона е „во неверојатна форма“.


Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно