Внимание: Ќе имате кошмари! Кинескиот моден гигант Shein лансираше нови тексас шорцеви за мажи, а мажите нормално не можеа да одолеат да не ги исмејат
Машките тексас шорцеви Manfinity Fever City Cotton Raw Trim од кинескиот бренд Shein ќе бидат ваши за само 11 евра. Што е нормално затоа што навистина би требало да размислите за терапија ако воопшто ги купите по оваа цена, а не па ако беа поскапи. Но, уште од сега да ви кажеме може да имаат трајни лоши ефекти врз егото ако се осмелите да ги истакнувате јавно.

Малите шорцеви РЕЧИСИ го покриваат меѓуножјето на машкиот модел, оставајќи ја целата нога да го привлече вниманието, затоа што најчесто тоа се бара од мажи нели?
Парот шорцеви се скинати нерамномерно на бутовите за да се создаде истрошен ефект, со многу краток раб кој започнува од долниот дел на колкот и се протега многу високо на бутот. Описот на шорцевите гласи дека се со „ултра низок струк“, за уште пооткриен изглед.


И се чинеше дека беа хит кај клиентите, добивајќи оценка од 4,82 од пет. Сепак, откако шорцевите го најдоа патот до социјалните мрежи, наидоа на бран негативни реакции. Многумина се спротивставија на тоа колку се кратки.

„Феминизмот на мажите продолжува„
„Сигурно има мал п… затоа што на која страна и да виси тоа ќе биде пресмешно“
„И сите познаваме некој што ќе ги носи нели….“
„Одвратно!“
„Ова е крајот на цивилизацијата“
Друг гледач рече: „Ох, ќе имам кошмари“.
Еден се пошегува: „Посакувам моите нозе да изгледаат толку добро“.

Коментирај анонимно