„Маж ми побара развод 24 часа како што бевме венчани: На првата брачна ноќ направив нешто што според него е доволна причина за развод, но јас мислам дека е глупост!“

Невеста со скршено срце оваа недела се јави во радио шоуто Hot Nights на Abbie’s Hit Network за да ја сподели приказната за нејзината катастрофална брачна ноќ. Па се запрашува дали навистина згрешила до толку или едноставно реакцијата на нејзиниот маж не е нормална?

 

„Не бевме во брак ни 24 часа пред мојот сопруг да посака развод, а се разделивме две недели подоцна. Ноќта на венчавката излеговме и кога се вративме во хотелската соба, за жал не му го дадов тоа што го сакаше “, продолжи таа, појаснувајќи дека таа вечер немала секс со него.

„Бевме уморни. Навистина не бев расположена. А следниот ден тој сакаше развод.“

 

Водителката на шоуто ја поддржа несреќната невеста: „Каков човек! Имам слушнато дека многу луѓе немаат секс во свадбените ноќи затоа што се многу уморни. Каков ужасен, одвратен човек“, продолжи Аби.

Очигледно луѓето овие денови многу лесно го сфаќаат бракот.. Што мислите вие?