Тинејџерка со посебни потреби немало кој да ја однесе на нејзината матура, па Полицијата ја направила вистинската работа

16-годишната Скарлет Томас има болест која ѝ го ограничува животот, но сепак таа е вистински борец и стигна до крајот на средното училиште. За жал излегол проблем со планираниот превоз на нејзината матура и во еден момент таа мислела дека навистина нема да присуствува. Но, сепак благодарение на добрината на Полицијата во Кливленд таа не го пропушти еден од најважните настани во животот.

 

Полицаец од Полициската единица за патишта во Кливленд останал по завршувањето на неговата смена за да се осигура дека Скарлет може да стигне до нејзината матура откако немало кој да ја однесе.

 

Родителите на Скарлет, Кетрин и Алан, рекоа: „Скарлет има вистинска љубов кон сите служби за итни случаи и да може да има придружба од полицијата во Кливленд до нејзината матура е нешто што никогаш нема да го заборави. Семејството е толку благодарно што полицијата во Кливленд ѝ го направи денот толку посебен“.

Полицаецот рече: „Бевме среќни што помогнавме да ја однесеме Скарлет на нејзината матура, откако немаше кој да ја однесе. Ова е специјална ноќ за сите оние кои го завршуваат училиштето и не треба да се пропушти, па затоа сме задоволни што Скарлет може да стигне таму и да си помине одлично со своите пријатели на нејзината матура“.

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *