„Под овие услови ќе те примам назад“: Познатата англиска актерка му постави строги правила на нејзиниот сопруг доколку сака да му прости за неверството

Познатата англиска актерка и пејачка Ејми Нутал (41) е веќе 11 години во брак со актерот и писател Ендрју Бјукен.

 

Во февруари оваа година се дозна дека Ендрју ја оставил својата сопруга Ејми за неговата колешка Лејла од криминалната драма на Би-Би-Си „Better“. Но, само неколку недели подоцна, Лејла наводно се вратила кај нејзиниот сопруг Џејмс Мејзелс, додека Ендру се вратил кај своето семејство.

 

 

Ејми побарала развод од нејзиниот сопруг Ендру во март, само неколку недели откако се појавија вестите за нивното разделување, но се верува дека нејзините желби се промениле. Ендру се вратил кај неа и ветил дека ќе се промени. Сега нивниот брак виси на конец поради аферата на Ендрју и Ејми излезе со строга листа на барања.

„Никој не мислеше дека можат да се вратат од ова, но Ејми одлучи да даде уште една шанса“, изјави извор за публикацијата.

„Тие ќе го усвојат пристапот 777 што значи дека на секои седум дена ќе одат на состанок, на секои седум недели ќе одат некаде на ноќевање и на секои седум месеци ќе одат на одмор само тие двајца“.

 

А строгата листа се сочинува од 7 барања:

1. Не смее да има контакт со Лејла во било кое време за било која причина
2. Ако работи далеку од дома постојано мора да и се јавува на видео
3. Таа да има целосен пристап до неговиот телефон
4. Секој седум дена да одат на состанок
5. Секој седум недели да одат на викенд
6. Секој седум месеци да одат на одмор само тие двајцата
7. Работата да биде на еднаква основа

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *