„Не мора да бидеш без влакна за да носиш бикини“ – Две жени сакаат да нѐ убедат колку супер им стојат бикините и кога се небричени

Како што времето почнува да се затоплува, многу жени се свртуваат кон методите за отстранување на влакна на телото, како што се бричење или депилација пред да излезат на плажа или да облечат здолниште. Но, според 2 млади жени, мазната кожа без влакна не треба да биде неопходност, туку и опција. Но сепак ние би рекле неопходна опција…

Сара Пухто и Бела Дејвис се две активистки за боди-позитивност. (затоа што уште за тоа ни фалеа активисти)

Сара Пухто и Бела Дејвис се 2 млади жени кои собраа илјадници следбеници на нивните страници на Инстаграм. Нивната вообичаена содржина вклучува објави за позитивноста на телото, за нивните сопствени „несовршености“, кои ги повикуваат жените да прифатат, сакаат и да се чувствуваат сигурни во нивните тела, без разлика што мисли општеството за нив.

Неодамна предизвикаа голема врева, изјавувајќи дека бричењето на плажа треба да биде опција, а не неопходност.

Неодамна објавија колаж на кој двете се облечени во костими за. „Ваш личен избор е да се избричите, да се депилирате или да растете влакна на вашето тело“, се вели во описот . „Нема погрешен начин да изгледа вашето тело. Никому не му должите мазно тело без влакна и со влакна!“

Нивната објава брзо стана вирална, и доби над 40 илјади лајкови, како и неколку стотици коментари. Но, жените кои решија да одговорат на нивната позитивна порака не се согласуваа со нив.

Нивниот пост го подели јавното мислење, а од многу луѓе добија коментари кои се согласуваат или не се согласуваат со нив.

„Никогаш не би носела вака бикини, никогаш, дури ни ако сум платена“, некој го изрази своето неодобрување. „Не, не, не…“, напиша друго лице.

Па што мислите вие, како им стојат бикините?

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *