Апел за помош! 23-годишна девојка се омажила за мултимилионер, ама многу ѝ е тешко, па ги открива седумте НАЈЛОШИ работи да си во брак со богат човек
Линда Андраде, која е од САД, но живее во Дубаи, има гламурозен начин на живот без работа каде што редовно патува со пријателите и се почестува со луксузни спа денови.
Но, 23-годишната девојка сега ги наброја „тешкотиите“ на брачниот живот со пари во банка – тврдејќи дека постојано е загрижена дека ќе ѝ ги украдат скапите дизајнерски чанти и накит, не вози и дека е уморна од постојано патување.

Во видеото на TikTok Линда започна велејќи дека „се плаши да не биде ограбена“, а потоа ја покажа својата импресивна колекција на дизајнерски чанти, чевли и накит. Младата домаќинка исто така треба постојано да изгледа најдобро и се плаши други жени да не ѝ го земат мажот.

Парот вечера во луксузни ресторани речиси секоја вечер, а самата храна „секогаш е шоу“ – како што се интерактивни коктели. Иако Линда се пожали дека има „премногу храна“ од која може да избере, а таа е „пребирлива“ што јаде.

Додека Линда и Рики живеат живот за кој другите можат само да сонуваат, таа се пожали дека нејзиниот сопруг „секогаш ѝ купува работи“ – од балски фустани до чанти на Шанел и очигледно тоа ѝ паѓа навистина тешко.

Бидејќи парот е сопственик на бизнис, тие постојано патуваат и се уморни.
На крајот, Линда тврди дека нејзиниот сопруг „никогаш не ѝ дозволува да го вози“ нивниот спортски автомобил. Добро ај може еден ден ќе го убеди да го повози.
Навистина не знаеме кое е решението на овие проблеми. Некој со идеја?

Zasto pisuete ovakvi gluposti, statie…
Коментирај анонимно