Дечко прогласен за мозочно мртов откако бил удрен на ноќно излегување се разбудил неспоредно пред да го исклучат апаратот што го одржувал во живот. Напаѓачот вели не било намерно
Џејмс Хауард-Џонс (28) останува сериозно ментално и физички инвалид и ќе треба некој да се грижи за него до крајот на неговиот живот, велат од судот.

Неговиот напаѓач, Бен Дејвис (24) од Челтенхем призна дека нанел тешки телесни повреди без намера и беше осуден на две години и четири месеци.

Хауард-Џонс бил удрен од Дејвис на 24 април минатата година на улица во Челтенхем за време на ноќно излегување, беше кажано на судот. Тој паднал наназад и удрил во главата, при што се здобил со повреда која му го променила животот, која за малку ќе го убиела. Тој бил однесен во болница каде останал во несвест неколку недели, при што имал неколку итни операции, но за жал бил прогласен за мозочно мртов.

Судијата Мартин Пиктон му рекол на Дејвис: „Ги уништивте животот и надежите на г-дин Хауард-Џонс – млад човек во цутот на животот со сè за живеење. Во исто време, ги скршивте срцата на неговото семејство и пријателите. Штетата што ја предизвикавте е поразителна и доживотна за сите оние кои се погодени од вашето кривично дело“.

Џемјс бил на апарат што го одржува во живот, но последната одлука била дека ќе го исклучат апаратот затоа што нема назад и тој никогаш нема да се подобри. Но, додека семејството на Хауард-Џонс го разгледувало барањето да ги донира неговите органи за трансплантација, тој се освестил, рече обвинителот. Сепак, неговата состојба го оставила физички и психички инвалидитет.


Од фит и здрав млад спортист способен да се натпреварува на трка на 100 километри, тој стана некој на кој ќе му треба грижа до крајот на својот живот, рече обвинителот Џек Бери.
„Џејмс сега е трајно хендикепиран во речиси секој аспект од неговиот живот. Тој има увид во неговата состојба – знае и може да го цени сето она што го изгубил и разбирливо е подложен на тешка депресија како последица, додаде тој“.


Неговиот татко, Нил Хауард-Џонс, му рекол на судијата: „Во првите неколку недели лекарите што го лекуваа Џејмс ни кажаа дека тој е мозочно мртов и најљубезното нешто што можевме да го направиме е да му дозволиме да умре. Ми поставуваа прашања кои никогаш не треба да се поставуваат на ниту еден родител, како на пример да се дозволи да му се извадат органи. Се договоривме дека тоа треба да се направи и се прават аранжмани за донација на трансплантација. Се договоривме ова да се одложи за една недела за да можат семејството и пријателите да се збогуваат со Џејмс. Стресот од ова беше огромен. Неверојатно, и покрај тоа што ни го кажаа експертите, Џејмс се освести. На почетокот тој можеше да воспостави само контакт со очите и не можеше да се движи или да зборува. Полека состојбата на Џејмс се подобри до точка каде што можеше да биде преместен во центар за рехабилитација. Сепак, тој требаше да се врати во болница во неколку наврати поради голем број напади. Не знаевме дали ќе преживее или не. Во моментов му треба помош да стане од креветот за само да оди во тоалет. Тој може да користи инвалидска количка, која може да ја користи само неколку часа секој ден поради неговиот замор. Оштетувањето на мозокот на Џејмс е долгорочно и ќе бара ниво на грижа до крајот на неговиот живот“.
Изјавата на уништениот татко заврши: „Сè на сè, иднината на мојот син изгледа прилично мрачна“.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно