Вест што среќно ја дочекаа мала група на луѓе, додека пак разгневи милиони ширум светот: Запознајте ја првата трансродова мис на Холандија која ќе се натпреварува и за Мис Универзум 2023 година

Рики Валери Коле на 9-ти јули, кога стана првата трансродова победничка на Мис Холандија. 22-годишната „манекенка“ сега има добри шанси да продолжи и да ја добие титулата Мис Универзум за 2023 година. Сите знаеме дека шансите ги има не дека е УБАВ, туку од очигледни причини…

 

Значаен момент за Рики Коле, а исто и за женскиот род, каде што мажите повторно најдоа начин да се мешаат таму каде што не треба

Рики Коле, првата трансродова жена која беше крунисана за Мис на Холандија, ги имаше сите погледи вперени во неа за време на најневажниот натпревар во историјата на човештвото. А транс заедницата се радува дека испишале историја… Ако ова е пишување историја тогаш ние сме погрешно учени.

 

Судиите одговорни за изборот коментираа дека Рики „блескаше во текот на целото шоу. Таа има многу силна приказна и јасна мисија. Жирито е убедено дека организаторите ќе можат да соработуваат со оваа млада жена со големо задоволство“.

Да супер би било сите да соработуваат со психијатар, а со тоа се сложуваат и луѓето

Коментарите за оваа победа само покажаа колку луѓето се против, а колку оваа агенда упорно се пропагира.

„Мило ми е што сум роден во 60-тите. Не би сакал да бидам дете во овој нов свет. Погрешно е на толку многу начини“ – напиша еден.

Додека друга жена е загрижена за иднината на жените кои се бореле за некакви права: „Да испишале историја на маж што глуми дека е жена и освојува круна што е наменета за жена. WOW! Гледај колку далеку стигнаа жените. Жени подобро да се противиме на ова затоа што ова не е во ред!“

 

„Сите жени требало да се откажат од натпреварот кога дознале дека се натпреварува и маж“

„Ова не е рушење бариери, ова е скршено општество. Жени треба да се спротивставите на оваа глупост!“

„Ова е ужасно. Толку многу мажи сакаат да бидат жени, да се натпреваруваат во работи што се наменети за жени, да се облекуваат како жени. Има ли крај?“

„Значи најјаката женска во Холандија е машко :))))))“

„Ова е најголема непочит кон жените!!!“

Навистина нема што да се додаде, освен дека сме сигурни дека жените кои се бореле за женските права со векови сега се превртуваат во гробот…

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *